Apple до крајот на годинава ќе вреди неверојатни 1.000 милијарди долари?
Објавено на од во hi-tech & business

Apple, највредната светска компанија, од вторникот е уште малку повредна. Откако цената на акцијата ѝ се засили за дополнителни 0,6%, на рекордни 153,99 долари, берзанската вредност на Apple надмина 800 милијарди долари.

Попрецизно, компанијата сега вреди 802,9 милијарди долари. Толкава вредност досега немала ниту една компанија котирана на берза, а преминувањето на оваа граница ги засили и шпекулациите дека Apple е најизгледен кандидат за преминување на вредноста од 1.000 милијарди долари.

За колкав џин се работи зборува податокот дека Apple сега вреди колку 102 најмали компании од системот на берзанскиот индекс S&P 500. Само во текот на оваа година цената е зголемена за 33%, а во последните година дена Apple поскапе за 70%. Причината за растот на цената едни ја гледаат во објавата дека познатиот инвеститор Ворен Бафет купил голем удел, а други во очекувањето дека новиот iPhone што ќе биде лансиран на десеттиот јубилеј од појавувањето на овој мобилен телефон ќе ја зголеми побарувачката.

Ако цената продолжи да расте со оваа динамика, нема да биде изненадување Apple до крајот на годинава да стигне до вредност од 1.000 милијарди долари. Имено, до таа магична граница на компанијата ѝ треба раст од уште 25%, на 191,80 долари по акција. Според мислењето на аналитичарите, ова е остварливо. Најоптимистичен меѓу нив е Брајан Вајт од компанијата Drexel Hamilton, кој смета дека цената во наредните година дена ќе стигне до 202 долари.

И покрај рекордната вредност, акцијата на Apple и натаму се смета за релативно поволна инвестиција, ако се вреднува според стандардната метрика на профитабилноста. Имено, според односот на цената на акцијата и на добивката на компанијата, инвеститорите моментално плаќаат за еден долар добивка на Apple, свои 15,7 долари. За споредба, просекот на сите компании од S&P 500 е 17,6, додека за технолошките компании од овој систем се плаќаат поскапи, 18,5 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×