Apple го повика Трамп да запре со царините
Објавено на од во Економија
Компанијата Apple го повика Доналд Трамп да не продолжува со наметнување на царини од  25% на нови производи увезени од Кина, велејќи дека тоа ќе го намали придонесот на компанијата кон американската економија.
trump-apple-chinaЦаринските давачки ќе влијаат на речиси сите поголеми производи на Apple, вклучувајќи ги и iPhone, iPad, MacBook, Apple Watch, AirPod и iMac, објави компанијата.
Исто така, наведуваат од компанијата, ќе им наштети на производи со помал обем на продажба, како звучниците HomePod, слушалките Beats, безжични рутери, Apple TV, фуроли и резервни делови за iPhone.
“Ве повикуваме да не продолжувате со наметнување на царини”,реагира Apple.
Ова е првпат “Епл” да го споменува iPhone како дел од листата на производи што ќе бидат погодени од царинските давачки. iPhone генерира околу две третини од продажбата на Apple и често е причина за своите корисници да купуваат и други уреди и услуги од компанијата.
Apple е еден од најголемите креатори на работни места во САД, повеќе од 2 милиони работни места. Компанијата, исто така, рече дека таа е најголемиот корпоративен даночен обврзник во САД. Минатата година, Епл објави дека ќе даде директен придонес за американската економија од повеќе од 350 милијарди долари за пет години и вети дека ќе ја постигне оваа цел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×