Apple отвора своја фабрика за OLED екрани – не сака да зависи од Samsung
Објавено на од во hi-tech & business

Познато е дека Apple за следниот iPhone 8, чие претставување се очекува наесен, OLED екраните ќе ги набавува од Samsung. Исто така, има гласини дека Samsung би можело да биде главен добавувач на екраните и за следната генерација iPhone уреди што на пазарот се очекуваат есента од 2018 година. Кон ова треба да се додаде дека последните предвидувања се дека iPhone 8 може да доцни еден до два месеци поради ограничениот капацитет на производство на погоните на Samsung.

Имајќи го предвид сето наведено, во Appleпочнале да се подготвуваат за идно самостојно производство на OLED екрани (така пишува порталот DigiTimes), со првенствена цел да ја намалат зависноста од надворешни добавувачи на екрани.

Компанијата за истражување и развој на OLED екрани на Apple се очекува да биде на Тајван. Веќе биле купени и таканаречени CVD (Chemical Vapor Deposition) машини од јужнокорејската компанија Sunic System, а Apple со помош на локалните партнери ќе отвори сопствена фабрика за 2.5G OLED панели, што, исто така ќе биде сместена на Тајван.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×