Apple Park се отвора во април
Објавено на од во hi-tech & business

Apple над три години во Купертино гради „вселенски брод“ – комплекс згради чие централно здание е огромна кружна градба (со 260.000 метри квадратни) дизајнирана по идеја на Стив Џобс. На вкупно 700.000 квадратни метри би требало да работат околу 12.000 нивни вработени, а за нив тука ќе има и посебен објект за паркирање возила, како и фитнес центар, кафетерии и ресторани, подземна гаража за челните луѓе и голема конгресна сала.Apple-Park-2

Проектот што кога ја доби дозволата за градење во 2013 година беше познат под името Apple Campus 2, сега се дозна дека ќе се вика Apple Park. Првите вработени ќе се вселат во него веќе во април, иако градежните работи ќе продолжат во тек на целото лето. Процесот на преселба на сите вработени ќе трае 6 месеци.

Apple Park е дизајниран според највисоките еколошки стандарди; целиот покрив на кружната зграда го покриваат соларни панели, а станува збор за една од енергетски најефикасните објекти на светот. Воедно, оваа зграда е најголема во светот со природен систем за вентилација, што значи дека во тек на девет месеци во годината нема да бара вклучување на системите за греење и за ладење.

Подземниот аудиториум ќе има капацитет да прими 1.000 гледачи, и тоа е местото каде компанијата во иднина ќе ги претставува своите нови производи. Влезот во овој конгресен центар го украсува стаклено цилиндрично предворје со пречник од 50 метри, а во Apple одлучиле новата сала да ја наречат Steve Jobs Theater.

Вкупниот трошок за изградбата на Apple Park беше проценет на 5 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×