Apple повеќе се интересира за “интернет“ автомобили, отколку за електрични
Објавено на од во Автомобилизам
Apple наводно сака да го купи производителот на електрични автомобили Tesla motors за 75 милијарди долари, но аналитичарите велат дека главната цел му е многу поголемиот пазар на т.н. “конектирани возила“

Веста дека Apple  сака да го купи производителот на електрични автомобили Tesla за 75 милијарди долари ја протресе светската бизнис јавност, а Business Insider веќе излезе со анализа зошто Apple е всушност толку заинтересиран за влез во оваа индустрија.

Аналитичарите на овој портал велат дека во случај на таков бизнис потег, најголемата конкуренција, всушност,  нема да му бидат електричните автомобили.

Електричните  возила не зафаќаат ниту 5% од вкупната продажба на автомобили во САД. Всушност, бројот на електрични возила на тамошните патишта во 2014 опаднал во однос на претходната. Вистинскиот пазар за кого што се интересира Apple се т.н. конектирани автомобили, односно возила со интернет пристап, исто така поврзани и во локална безжична мрежа .

Во анализата на Goldman Sachs од вчера, се предвидува дека продажбата на “конектираните автомобили“, кои што сега се 10% од вкупната продажба на возила во САД, ќе порасне до цели 80% до 2020 година.

Ова не е единствената голема промена што се очекува да се случи за пет години. Аналитичарите предвидуваат дека  “автоматизирано возење“  ќе стане реалност на патиштата до кај 2020 исто така.

Што се однесува на “конектираните автомобили“, графиконите на Goldman сугерираат  дека на Apple, наместо да се здружува со ексцентричниот генијалец  Илон Маск, основачот на Tesla, попаметно му е да “игра“ со Ford, General Motors или Mercedes Benz, кои што засилено работат на тоа да стават што повеќе апликации во своите возила.

Покрај проектите Apple Pay, Apple TV, сега и овој со Apple Car, јасно е дека Тим Кук, шефот на Apple, сака да го рашири бизнисот во повеќе нови области. Apple веќе стана познат по тоа што направи револуционерни промени во ИТ секторот, мобилната телефонија, па зошто да не и во телевизијата, а сега и автомобилите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×