Apple претстави специјален iPhone, со најголем „X“ фактор досега
Објавено на од во hi-tech & business

Декада по претставувањето на првиот iPhone, кој имаше неспорно влијание врз натамошниот развој на смартфоните, особено во однос на дизајнот, Apple вчера го одржа долго очекуваниот (како и секој друг од овој вид на џинот од Купертино) настан; прв во Steve Jobs Theater – салата во новиот објект на компанијата, која е, како што велат оние што го познавале легендарниот директор на Apple, токму она што тој би го посакал – ремек-дело на дизајнот.

Настанот, на кој (како и секогаш) освен технолошките новости-промоции на Apple, бевме сведоци и на добро осмислена за создавање дополнителна магија, вешта употреба на ефекти од сценските уметности, почна со своевиден омаж на Стив Џобс, пред неговиот наследник, Тим Кук, да премине на главното, претставувањето на новите iPhone 8 и iPhone 8 Plus. Но, и овој пат, во стилот на Apple, Кук вети „уште само една работа“, која дефинтивно ќе биде хитот меѓу во вторникот претставените уреди и технологии. apple-showcase-tim-cook-gty-jef-170912_4x3_992

Десет години по првиот iPhone (досега од сите негови инкарнации се продадени 1,2 милијарди уреди), Apple ја претстави „десетката“, која во името има римска бројка, и се вика  iPhone X.

Кук овој уред го претстави со следниве зборови: „Во тек на последните 10 години, одевме напред со иновациите, што нѐ доведе до овој момент, кога можеме да креираме уреди што се значајно покреативни од претходно“.

Овој смартфон од специјална едиција има edge-to-edge (од работ до работ) екран, со „исечен“ дел од предната страна за да може да се смести сензорот за предната камера, како и новиот Face ID сензор.

Apple iPhone X е заштитен со стакло и од предната и од задната страна (отпорен е на вода и на прашина), додека рамката е од метал. Опремен е со 5,8-инчен екран (2436x1125p) со OLED панел. Екранот има пикселска густина од 458 ppi, поголема од која и да е iPhоne досега, а Apple го нарекува Super Retina дисплеј.

Овде Apple првпат одлучиле да не имплементираат „home“ копче, чија функција сега се извршува со повлекување (со прстот) одоздола нагоре. Не е имплементиран ниту Touch ID со сензор за отпечаток на прст, зашто новиот метод на потврда на идентитетот на сопственикот на уредот е Face ID, и го отклучува телефонот со едноставен поглед на него.

Технологијата комбинира IR („инфрацрвен“) систем со предната камера и со таканаречениот „flood iluminator“, што го осветлува лицето за да овозможи препознавање (на лицето) и во темница. Според кажаното на конференцијата, Face ID е многу посигурна опција од Touch ID, и можноста некој да ја „пробие“ заштитата е еден во милион обиди (во телефонот да погледне друга личност и да го отклучи).

iPhone X има две камери на својата задна страна од 12 MP, а опремен е со оптичка стабилизација на сликата. Секако, сензорите се побрзи и поголеми отколку кај претходниците, а главната камера има f/1.8 отвор на блендата, додека „телефото“ објективот има f/2.4 отвор. Камерите се опремени со quad-LED True Tone блиц.

Процесорот на уредот е A11 Bionic, претставен и на „обичните“, iPhone 8 модели. На настанот беше претставено и новото безжично полнење, наречено AirPower, кое може да полни и повеќе уреди истовремено, но, ќе биде достапно дури догодина.

Apple iPhone X ќе се продава по цена од 999 долари за 64GB моделот, а ќе има и варијанта со 256GB.

Нарачките почнуваат на 27 октомври, а во продажба ќе го има на 3 ноември.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×