Apple пријатно го изненади пазарот со раст на продажбата на iPhone
Објавено на од во hi-tech & business

Apple ги објави своите тримесечни финансиски податоци за работењето со кои пријатно го изненади пазарот и некои „вечни песимисти“ кои најавуваа дека продажбата на iPhone го достигнала врвот и сега е време да почне да паѓа. Имено, во последните три месеци продажбата на iPhone пораснала, гледајќи според вредноста, за 3% во однос на лани. Продадени се 52,2 милиони iPhone-и, како и 9,11 милиони iPad-и и 4,08 милиони Mac компјутери.

Просечно продажната цена на iPhone во овој период била 728,54 долари, за 10% повисока отколку лани. iPhone X е најпродаван модел, па затоа вкупната продажба на iPhone вредносно пораснала за дури 14% во однос на истиот период лани.

Во трите месеци на кои се однесува последниот извештај (јануари, февруари, март), Apple има вкупни приходи од 61,1 милијарди долари, што е раст за 15,5% во однос на истиот лански квартал. Профитот е за 25% поголем од лани, односно 13,8 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×