Apple растура: 11 милијарди долари профит за еден квартал
Објавено на од во Компании
Приходите на компанијата од јули до септември се за 22% повисоки од истиот период лани, а добивката дури за 30%. 

Apple уште еднаш ја зашемети светската јавност пријавувајќи 51,5 милијарди приходи во кварталот од јули до септември годинава, јавуваат светските агенции.

IPhone

Apple продал 48 милиони IPhone-и за три месеци

Тоа е зголемување од 22% во однос на истиот квартал лани, а чистата добивка на компанијата изнесува 11,1 милијарди долари, дури 30% повеќе одошто пред една година. Компанијата наведе дека во овие три месеци продала 48 милиони iPhone-и и дека  2015 е најуспешна година до сега за неа.

Растот е поттикнат од рекордната продажба на нивниот смартфон, с$ подобрата продажба на часовниците iWatch и  рекордната продажба на лаптопи Mac. Акциите на компанијата малку пораснаа по објавата на извештајот вчера и завршија на 114,55 долари.

Приходите на Apple во Кина, Хонг Конг и Тајван изнесувале 12,5 милијарди долари, што претставува 24% од вкупната продажба на Apple и зголемување од 99% во однос на приходите од овој регион минатата година, и покрај сигналите дека кинеската економија забавува со растот.

Побарувачката за паметни телефони забавува ширум светот според аналитичките куќи, односно вкупната продажба на сите брендови забавува со растот, затоа што речиси секој во развиените пазари, но и на некои пазари во развој, веќе има паметен телефон.

Заради тоа многу аналитичари се прашуваа дали Apple може да продолжи со продажбата на своите уреди постојано со забрзано темпо.

tim-cook-big

CEO-то на Apple, Тим Кук, има причина да се смее.. Продажбите растураат, а допрва идат божиќните празници…

Главниот директор на компанијата Тим Кук изјави дека одѕивот на најновите модели iPhone 6S и 6С Plus, пуштени во продажба два дена пред крајот на кварталот јули – септември, е одличен.

Компанијата предвидува дека во кварталот што завршува во декември, незначително ќе се надмине ланскиот феноменален резултат од 75,5 милиони продадени iPhone уреди за време на сезоната на празници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×