Apple со рекорден квартален профит од 18 милијарди долари
Објавено на од во hi-tech & business

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, соопшти дека последниот квартал од 2014 година компанијата го завршила со рекордни 74,6 милијарди долари приходи, и, исто така, рекорден профит од 18 милијарди. Највредната светска компанија сега има 178 милијарди долари кеш, а што сѐ, на пример, може да се купи со тие пари, набројува во твит објавен по поводот, директорот за маркетинг на Extreme Networks, Вала Афшар.

„Со 178 милијарди долари во кеш, може да се купат Uber, Tesla, Twitter, Netflix, Dropbox, SnapChat, Airbnb, SpaceX, и сѐ уште да останат 20 милијарди“. Според продукти, Apple во споменатиот фискален период продал 74,5 милиони iPhone-и, 21,4 милиони iPad-и, 5,5 милиони Mac компјутери.

Сликата за доминацијата на компанијата во индустријата совршeно ја дополнува податокот дека само приходите од категоријата „останато“ (Beat слушалки, iPod, Apple TV и останати додатоци (опрема) на Apple изнесуваат 2,7 милијарди долари.

Кога се пазарите во прашање, кај Кинезите интересот за производите со логото со јаболко пораснал за дури 157% во однос на минатиот квартал, и за 70% во споредба со истиот квартал во 2013 година (значи, овојпат причина за растот не биле само божикно-новогодишните празници). Така сега Кина, по остварените приходи на Apple, со своите 16,1 милијарди долари, ја стигнува Европа, од која во Купертино дошле 17,4 милијарди. Секако, прв е американскиот пазар, од кој Apple приходувал 30,5 милијарди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×