Apple „собира“ скоро 80% од вкупниот профит од пазарот на смартфони
Објавено на од во hi-tech & business

Познатата аналитичка куќа Strategy Analytics ги објави резултатите од истражувањето на вредноста на пазарот на смартфони, според кои вкупниот глобален профит во 2016 во оваа индустрија бил околу 53,7 милијарди долари.

Сумата подразбира колку вкупно на производителите на смартфони заедно им останува на сметките откако од вкупните приходи ќе ги одземат сите вложувања во производство, во маркетинг, во транспорт …

Од сите овие 53,7 милијарди долари профит, Apple со своите iPhone-и остварува близу 80%, односно околу 44,9 милијарди. На второ место е Samsung со 15%, или 8,3 милијарди долари. Третото, четвртото и петтото место се за Huawei, со 1,6%, Oppo, до 1,5%, и Vivo со 1,3%, додека сите останати, па и производителите како LG, HTC и Sony, се „гребат“ за „трошки од трпезата“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×