Apple стана најголем производител на часовници – ги надмина Швајцарците
Објавено на од во hi-tech & business

Според податоците на компанијата IDC (International Data Corporation) и на други соодветни компании, четвртиот квартал од 2017 година бил најуспешен квартал за Apple Watch серијата паметни часовници од нивното прво појавување на пазарот.

Директорот за истражување во IDC, Франциско Џеронимо, наведува дека Apple со испораките на Apple Watch во последниот квартал ја надминал вкупната продажба што ја забележале швајцарските производители на часовници во истиот период.

Согласно податоците на компанијата Canalys, Apple во текот на целата 2017 година испорачал меѓу 17,4 и 18 милиони Apple Watch часовници, што е раст од над 50%, во однос на 12 милиони часовници испорачани во текот на 2016 година.

Околу 48% од испораките ги прават најновите Apple Watch Series 3 модели, а 52% Apple Watch Series 2или постари модели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×