Апсења во врвот на ФИФА за корупција, перење пари, измами – 150 милиони долари поткуп само за телевизиски права!
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Апсењата  на неколку челни луѓе ја тресат една од најмоќните спортски организации во светот – Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации, ФИФА, и тоа непосредно пред конресот на кој ќе се избира нов претседател, наследникот на Сеп Блатер, иако последниот и овојпат е кандидат за нов мандат. Вчера во Швајцарија беа уапсени седуммина од ФИФА, меѓу кои и двајца потпретседатели, под обвиненија за перење пари, корупција и измами. Во САД, пак, се уапсени четиринаесет лица, од кои деветмина фудбалски челници, а петмина од маркетиншки компании поврзани со ФИФА. Блатер не е меѓу нив.

Швајцарците апселе по барање на американските колеги кои ја водат истрагата за корупција при продажбата на телевизиски права што била „подмачкана“ со 150 милиони долари. ЕфБиАј изврши претрес во седиштето на КОНКАКАФ (организацијата што раководи со фудбалот во Северна, во Централна Америка, и на Карибите) во Мајами. Како што кажавме, уапсените ги чекаат обвинителни акти за корупција, измами, перење пари во САД, а во Швајцарија се водат два процеси по истата основа, како и за изборот на Русија и на Катар за домаќини на светските првенства во фудбал во 2018, односно 2022 година. Главниот обвинител на САД, Лорета Линч, изјави дека во случајот станува збор за корупција што е широко распространета, системска и со длабоки корени во Соединетите Држави и надвор од нив. Според Линч, корупцијата се простира низ последните две генерации од светското фудбалско водство чии претставници ги користеле своите позиции за да извлекуваат милиони долари преку поткупувања и провизии.

Меѓу уапсените се потпретседателите на ФИФА, Џефри Веб (Кајмански острови) и Еугенио Фигередо (Уругвај). Првиот е претседател на КОНКАКАФ, и како таков е една од најважните политички ликови во светскиот фудбал. Уапсен е и претходникот на Веб, Џек Ворнер. Меѓу останатите лишени од слобода се Едуардо Ли (Коста Рика), Хулио Роча (прв човек за развој во ФИФА), Рафаел Ескивел (претседател на фудбалската Федерација на Венецуела), Хозе Марија Марин (донеодамнешен прв човек на бразилскиот фудбал), и Николас Леос (Парагвај – поранешен претседател на КОНМЕБОЛ – организацијата што го води јужноамериканскиот фудбал).

Апсењата се случија кога водечките луѓе на ФИФА се собрани во Цирих на конгресот чиј главен дел треба да се одржи во петок – изборот на претседател на организацијата. Ако во швајцарскиот град продолжат апсењата, сите врз кои ќе се примени оваа мерка ќе бидат екстрадирани во САД, каде што, како што кажавме, ЕфБиАј со години ја истражува корупцијата во фудбалот. А право на јурисдикција на САД дава тоа што кривичните дела биле подготвувани токму таму, а и со нив поврзаните трансакции биле вршени преку американски банки.  Истрагата на Американците открила дека само при продажбата на телевизиски права, бил даден поткуп од 150 милиони долари. Инаку, од телевизиските и маркетнишките права доаѓаат дури 70% од приходите на ФИФА, или во апсолутна бројка, 5,7 милијарди долари меѓу 2011 и 2014 година. Погоре споменатите уапсени од маркетиншки компании се поткупувачите кои во име на своите клиенти така обезбедувале телевизиски и маркетиншки права.

Инаку, Сеп Блатер, и покрај скандалот, сѐ уште е фаворит на изборите што треба да се одржат во петок, а единствен противкандидат му е јорданскиот принц, Али бин ал Хусеин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×