Аргир повторно директор на НЛБ банка
Објавено на од во Компании
Антонио Аргир повторно е именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, а воедно и за Претседател на Управниот одбор на банката.
аргир“Ве известуваме дека Г-дин Антонио Аргир повторно е именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, а воедно и за Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, за период од 4 (четири) години, почнувајќи од 09.07.2019 година.” – се вели во соопштението објавено на веб страната на Македонска берза.
Аргир е на позицијата прв човек на НЛБ Банка од јануари 2016 година, наследувајќи го долгогодишниот претседател на Управниот одбор, Ѓорѓи Јанчевски.
“Во иднина, одговорно и тимски ќе го практикуваме она што го изградивме низ годините до сега. Ќе бидеме посветени на воведување на современи услуги прилагодени на новите генерации. Ќе ја продолжиме успешната соработка со физичките лица, микро и малите претпријатија, корпоративно банкарство, дигитализирање на начинот на работа, мобилно банкарство до клиентите не само во делот на он лајн плаќањето туку и за советодавни и канали за комуникација со клиентите“, рече Аргир во изјава дадена на инагурацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×