Вранишковски излезе од затвор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Првиот човек на таканаречената Православната охридска архиепископија, Јован Вранишковски, излезе од затворот Идризово, откако Апелациониот суд – Скопје ја одби жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против решението за условен отпуст на осудениот. Условот на отпустот е до 23 март 2017 година ослободениот да не изврши ново кривично дело од ист карактер.

Во соопштението од ПОА по повод ослободувањето на Вранишковски, се пренесува неговата благодарност до сите што на каков и да е начин придонеле за предвременото ослободување од затворот. Покрај директорот на затворот, Кривичниот совет од Основниот суд Скопје I,  Апелациониот суд од Скопје, и политичкото раководство на земјата, благодарност е упатена и до Македонската православна црква и нејзиниот Синод.

За потсетување, одлучувачката иницијатива за ослободување на Вранишковски дојде по посетата на Македонија на рускиот митрополит Иринеј, кој во Скопје оствари четири клучни средби на највисоко ниво – со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорѓе Иванов, со архиепископот на МПЦ, Стефан, и со неговиот колега од ПОА, Јован Вранишковски.

Иларион допатува во Македонија за да ги охрабри оние кои имаат моќ да го овозможат пуштањето на Јован од затвор, како појдовна точка за да се придвижат работите во македонско-српскиот црковен спор. Одговорот веднаш го даде Синодот на МПЦ од каде што по вонредната седница соопштија дека „раководени од духот на човекољубието, а поради повисоки цели, ги повикуваме надежните власти на Република Македонија за милост во однос на затворениот поранешен митрополит Јован, кој, покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожикни денови не треба да биде лишен од надежта за милосрдие“.

Вранишковски, сепак, не излезе од затвор во предбожикните денови, поради жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против претходното решение за условен отпуст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×