Арселор Митал под истрага во Украина
Објавено на од во Компании
Арселор Митал, производител на челик, им должи на украинските власти 9 милијарди гривни (355 милиони американски долари), објави денес новинската агенција Интерфакс Украина.
арсселормиталАгенцијата се повикува на изјава на шефот на Државниот завод надлежен за големи даночни обврзници.
Истрагата откри дека Арселор Митал платил премалку данок на земјиште и дека има соработка со нетранспарентни компании, пренесува Интерфакс.
„Заклучно со денеска, завршена е голема ревизија на компанијата. Ние ги утврдуваме побарувањата од 9 милијарди гривни“, рече првиот даночник, Евген Бамбизов, додавајќи дека резултатите од истрагата ќе бидат доставени до агенциите за спроведување на законот.
Арселор Митал рече дека тие ќе ги коментираат наодите од истрагата подоцна вотекот на денот.
Најновите вести доаѓаат неколку недели откако беше отворена истрага за загрозување на животната средина против Арселор Митал, најголемиот инвеститор во Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×