Атина се заканува со нарушување на односите со соседите поради бегалците
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерот за миграциска политика на Грција Јоанис Музалас изјави дека Атина ќе ги затегне односите со соседните држави, кои не примаат бегалци, пишува весникот „Етнос“.

Музалас истакна дека Грција ќе врши дипломатски притисок и ќе испраќа протестни ноти.

„Со некои од тие држави ќе се видиме во ЕУ, кога се распределуваат пари за земјоделство или за образование и кога ќе треба да ги поддржиме за членство, рече Музалас.

Изјавата која ја пренесе Етност дојде откако  официјална Атина и упати протестна нота на Австрија поради средбата на претставници на земјите од Западен Балкан, свикана од Виена, на која Атина не е поканета.

Во документот се посочува дека иницијативата на Виена не е пријателска во однос на Грција, иако одлуките, кои веројатно ќе бидат донесени во однос на справувањето со бегалската криза директно ја засегаат Грција и нејзината граница.

Атина нагласува дека одлуката на Австрија е објавена само неколку часа по завршувањето на Европскиот совет, на кој беше разгледан проблемот со бегалците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×