Атина треба да го извести НАТО дека Македонија може да стане членка на Алијансата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Откако вчера грчкиот Парламент го ратификувше Договорот од Преспа, како што претходно направи и Собранието на Република Макеоднија, следен чекор сега е Атина со писмо треба да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека го завршиле нивниот дел од обврската за да може Македонија да стане членка на Алијансата.

Zaev Cipras

Следниот чекор е НАТО да подготви Протокол на Вашингтонскиот договор за пристапување на новата членка, а потоа процесот треба да продолжи со ратификација на пристапниот Протокол од сите 29 членки на НАТО. Овој процес, како што беше и најавувано, се очекува да заврши до крајот на годината, а Грција се обврза дека прва ќе го ратификува.

Според најавите, Протоколот ќе се објави во Брисел, и веројатно ќе биде на амбасадорско ниво, а на потпишувањето се очекува да биде македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Додека трае ратификацијата во парламентите на 29-те земји членки на НАТО, Македонија ќе учествува во процесите во Алијансата, но без право на глас.

Потоа, следува поканата за пристапување која на Македонија која ќе и ја упати генералниот секретар на НАТО, откако сите членки ќе ги известат САД, како депонент на договорот, дека го ратификувале пристапниот протокол. Последниот дел од пристапувањето е Македонија и самата формално да го прифати пристапувањето во НАТО, со референдум или со гласање во Парламентот, а оваа одлука ќе му ја испрати на американскиот Стејт департмент, со што и формално станува членка на НАТО.

Веднаш по стапувањето во сила на Договорот од Преспа, според Договорот, Македонија треба да ги извести сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, чиј член е, за влегувањето во сила на оваа спогодба и потоа ќе побара од сите тие организации, институции и форуми да го прифатат и употребуваат името и термините Република Севрна Македонија или скратено Северна Македонија за сите намени и цели. Двете Страни, и Грција и Македонија, исто така, ќе и се обраќаат на Македонија со тие имиња во вкупната комуникација кон, со и во рамките на таквите организации, институции и форуми.

Исто така, Република макеоднија треба да ги извести ситe држави – членки на Обединети нации за влегувањето во сила на оваа спогодба и ќе побара од истите да го прифатат и да го користат името Република Северна Македонија или Северна Македонија за сите намени и цели, вклучително и во сите свои билатерални односи и комуникација.

„По влегувањето во сила на оваа спогодба, Македонија веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали”, стои во Договорот.

Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на Договорот од Преспа, Македонија ќе треба да го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Грција, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство.

Веднаш по влегувањето во сила на Договорот и двете земји ќе го подигнат нивото на Канцелариите за врски во Скопје и Атина во амбасади, а Канцелариите за конзуларни, економски и трговски работи во Солун и во Битола ќе станат генерални конзулати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×