Аутсорсинг индустријата во Македонија забрзано расте
Објавено на од во Економија
До 2022 година се очекува бројка од 15.000 вработени и речиси 300 милиони евра приходи

Working all night long

Приходите на аутсорсинг индустријата достигнале 150,3 милиони евра во 2018 год., односно растат 17.9% просечно годишно во периодот 2015-2018 год. Индустријата расте значително побрзо од домашната економија и до 2022 год. нејзините приходи ќе се приближат до 288 милиони евра, покажува деталниот извештај за аутсорсинг секторот во земјава, изработен од МАСИТ, бизнис комората на ИКТ секторот.

 

 

12aut 1Преку 150 милиони евра, или 2,1% од македонскиот БДП „тежела“ домашната аутсорсинг индустрија во 2018 година и е една од најбрзо растечките во Македонија, со двоцифрен пораст на вработувањата во секоја од последните 5 години, и се развива како една од најветувачките индустрии во националната економија, вели деталниот извештај за развојот на аутсорсинг индустријата во земјава, што го изработи МАСИТ, бизнис комората на информатичко – комуникацискиот сектор.
Според извештајот, бројот на вработени кои работат во 187 компании од аутсорсинг секторот изнесува 5.713, што е 0,6% од вкупниот број на вработени во економијата. Тоа е за 1.174 луѓе повеќе од 2017 год., а се очекува бројката да достигне 15.000 вработени во 2022 год, според процените на МАСИТ.
Приходите на аутсорсинг индустријата достигнале 150,3 милиони евра во 2018 год., односно растат 17.9% просечно годишно во периодот 2015-2018 год. Индустријата расте значително побрзо од домашната економија и до 2022 год. нејзините приходи ќе се приближат до 288 милиони евра. Повеќе од 85% од компаниите во индустријата вработуваат помалку од 50 луѓе, а 6 компании имаат повеќе од 150 вработени – Seavus, My Pizza, Endava, Netcetera, Taskforce BPO и Asseco. Повеќе од 80% од аутсорсинг компаниите имаат седиште во Скопје, а остатокот се во Битола, Тетово, Прилеп и Струмица.
12autСектор податлив и за економисти и правници, не само информатичари
„Кога зборуваме за аутсорсинг услуги и нивен извоз, зборуваме за индустрија базирана на знаење со висока додадена вредност пред која е голема иднина, не само кај нас, туку генерално гледано, на ниво на регионот и на цела Југоисточна Европа. Засега во оваа индустријата предничат Индија, Израел, Филипини, Кина, Украина, итн., додека од регионот најпозитивен пример е Бугарија.“, вели Анита Никова – Бундовски, извршен директор на МАСИТ.
Развојот на аутсорсинг индустријата зависи од повеќе фактори, како што се број на кадри, вид и ниво на образование на истите, локациска и културолошка близина. Аутсорсинг индустријата ја сочинуваат 2 сегменти: ITO (Information Technology Outsourcing –главно компании кои развиваат софтвер и нудат различни ИТ услуги) и BPO (Business Process Outsourcing), односно  aутсорсингот на деловни процеси (BPO) Којшто претставува склучување договори за пренос на не-примарни деловни активности и функции на трети лица.
Најбрзо растечки сегмент во аутсорсинг индустријата во моментот е дефинитивно ITO, односно компаниите кои вршат аутсорсинг на ИТ услуги, а потоа следат аутсорсинг на ХР (Human Resources – услуги поврзани со човечките ресурси) и ВBPO (Voice Business Process Outsourcing), или популарно наречените кол центри. Сепак, има уште многу потенцијал за ширење во областите на правен и економски аутсорсинг, односно LBPO (Legal) и FBPO (Financial), соодветно, се вели во извештајот на МАСИТ.
„Најпозитивно за нашата земја е дека со развојот на оваа индустрија ќе се намали драстично бројот на невработени економисти и правници, како и на луѓе со јазични вештини, кои се целна група за вработување пред се’ во бизнис процес аутсорсинг секторот.“ , додава Никова – Бундовски.
За тоа колкаво е значењето на развојот на аутсорсинг индустријата за економијата и животниот стандард, таа го истакнува фактот што трошоците за вработени во овој сектор се зголемуваат секоја година и достигнаа 75,4 милиони евра или 50% од оперативните приходи на индустријата во 2018 год., за разлика од 36,6% во 2014 год. кога биле само 28,7 милиони евра. Се очекува дека трошоците за вработените ќе се зголемат на 200 милиони евра до крајот на 2022 год.
Аутсорсингот учествува со 2,9% од вкупните трошоци за вработени во економијата за 2018 год., што претставува голем удел земајќи во предвид дека се остварува со само 0,6% од вкупниот број на вработени во економијата. Просечната бруто плата по вработен во аутсорсинг индустријата изнесува 13.196 евра годишно за 2018 год., вкупниот износ на платени даноци за 2018 год. изнесува 6,7 мил. евра, а профитната маргина за 2018 год. е 8,8%.
10 aut 1Потенцијал на талент и работна сила
Од 957.623 вкупно вработени во економијата, 127.180 се на возраст од 20-34 години, а 80% од нив се со средно или повисоко образование, но за жал 45,4% се невработени, а од нив само 32% се со дигитални вештини, се вели во Извештајот за аутсорсинг индустријата, во делот каде што се анализира потенцијалот на работна сила за овој сектор.
10 autПозитивно е што 14 од 22 универзитети имаат факултети подобни за аутсорсинг индустријата. Студенти се 2,7% од населението (помалку од Албанија 4,9%, Бугарија 3,2%). Запишани студенти во 2018 год. се 56.941, од кои 22.225 или 39% се подобни за аутсорсинг индустријата:
  • 8.021 студенти подобни за ITO, 14% од вкупно запишани или 36,1% од подобни, кои студираат Природни науки и Математика, ИТ и Компјутерски науки.
  •  14.204 студенти подобни за BPO, 25% од вкупно запишани или 63,9% од подобни, кои студираат Бизнис администрација и менаџмент (5.070 студенти –8,9% запишани, 22,8% подобни), Економија (4.884 студенти – 8,6% запишани, 22% подобни), Филологија и Странски јазици (4.250 студенти – 7,5% запишани, 19,1% подобни).
Завршени студенти подобни за аутсорсинг индустријата, во 2018 год. се 3.141, односно 5,5% од вкупно запишани, или 14,1% од подобни, од кои:
  •  735 дипломирани подобни за ITO, 1,3% од вкупно запишани, 3,3% од подобни, 9,2% од подобно запишани, кои завршиле Природни науки и Математика (352), ИТ и Компјутерски науки (383).
  • 2.406 дипломирани подобни за BPO, 4,2% од вкупно запишани, 10,8% од подобни, 16,9% од подобно запишани, кои завршиле Бизнис администрација и менаџмент (529), Економија (1.245), Филологија и Странски јазици (632).
Евидентно е дека во 2018 година:
  • Завршиле вкупно 3.141 студенти подобни за аутсорсинг индустријата.
  • Завршиле само 9,2% од запишаните студенти подобни за ITO сегментот, за разлика од 16,9% од запишаните студенти подобни за BPO сегментот
  • завршиле 3 пати повеќе студенти кои се подобни за BPO сегменот во споредба со студентите подобни за ITO сегментот, што го потенцира потенцијалот за поголем развој на BPO сегментот.
Дипломирани STEM (Science, Technology, Engineering & Mathematics) се 7,6 на 1.000 на возраст од 20-29 години, што е 2 пати помалку од Бугарија, Романија, Србија и Хрватска, и што е уште еден показател за ограничените можности за раст на ITO сегментот.
Од друга страна, повеќе од 5.000 македонски студенти тековно студираат во 36 земји во странство, пред се’ во Турција, Словенија, Бугарија, Италија и Австрија, САД и ќе биде потребно да се интензивираат напорите за развој на целата економија со цел нивно враќање во земјата во што поголем број.
Над 40% од оние на возраст од 25-34 години говорат барем еден странски јазик, малку над ЕУ просекот, но главно заради блиските јазици српски, хрватски и бугарски. 71.537 средношколци учат англиски, а како втор јазик 20.511 германски и 17.100 француски. Застапеноста на јазици кои ги изучуваат учениците се 50% англиски, 15% германски, 10% албански, а остатокот турски, италијански, француски, руски и шпански.
Трендови и можности на аутсорсинг индустријата
Побарувачката на А и Б класа канцелариски простор се зголемува од страна на странските инвеститори во ИТ и аутсорсинг индустријата, но цените за наем остануваат стабилни во последните 5 год. и не се очекува нивен пораст во наредните 3 години.
И покрај фактот дека за жал имаме најбавен фиксен интернет кој е и меѓу поскапите во регионот, трошоците за живот се најниски во Европа, а и нето платите во аутсорсинг индустријата се пониски од земјите во регионот.
„Нето плати во аутсорсинг индустријата се просечно 717 евра или 82% повисоки од државниот просек, 14,9% годишен пораст или три пати побрзо од просекот, но сепак нето платите се пониски од Словенија, Бугарија, Романија и Хрватска, а се на исто ниво со оние во Србија. За компјутерско програмирање нето платата изнесува 962 ЕУР, или 30% над просекот за аутсорсинг индустријата.“, објаснува Александра Чавдаревска, правен советник во МАСИТ.
Таа додава дека македонските аутсорсинг компании оперираат на пазарите во САД, Германија, Обединето Кралство, Канада, во земјите со силна македонска дијаспора – Шведска и Австралија, како и во земјите од регионот – Бугарија, Србија, Албанија и Турција. Најголемиот потенцијал како извозни дестинации се Скандинавските и земјите со англиско говорно подрачје. Секоја трета аутсорсинг компанија веќе користи странски јазик како свој официјален работен јазик, а секоја четврта аутсорсинг компанија е странска инвестиција.
Македонија е трета земја во Југоисточна Европа според придонесот на аутсорсинг индустријата со 2,1% во националниот БДП во 2018 год., споредено со 1,7% во 2017 год. Неразвиената инфраструктура е голем проблем, како и сивата економија и емиграцијата на високо образованите луѓе, но тоа е и можност за аутсорсинг компаниите за привлекување на луѓе од дијаспората во Македонија. Повеќе од 10 компании од Бугарија и поголем број од Србија немаат свое присуство во Македонија, но вработуваат слободни (freelance) и луѓе за работа од далечина. Македонија троши само 0,5% од БДП за иновации.

Што треба да се направи за уште подинамичен развој на аутсорсинг индустријата
Сe’ уште не постои законска дефиниција за аутсорсинг индустријата со што таа е се’ уште непрепознаена во домашната економија. Од тие причини, за развојот на аутсорсинг индустријата, според Александра Чавдаревска, правен советник во МАСИТ, потребни се следниве мерки:
  • Значителна државна поддршка за технолошко образование и за привлекување инвестиции во аутсорсинг индустријата;
  • Бројот на таленти потребни во аутсорсинг индустријата треба што побрзо значително да се зголеми, исто како и бројот на STEM дипломирани студенти;
  • Реформите во образовниот систем се неопходни за надминување на јазот помеѓу средите училишта и универзитетите од една страна и пазарот на труд од другата страна;
  • Фокусиран напор за подигнување на свеста за аутсорсингиндустријата во Македонија како клучна извозна гранка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×