АВМУ: Двојниот ангажман на новинарите може да ја загрози слободата на изразување
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека двојниот ангажманот на вработени новинари во телевизии како советници кај премиерот,  претставува пречка за поставување професионална дистанца при информирањето на јавноста и да ја загрози слободата на изразување.
АВМУ„Улогата на медиумите е да бидат критичари и коректори на власта, и во тој контекст, неопходно е при ангажманот на кадарот, да водат сметка дека треба да обезбедат самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика. Ова е важен предуслов за (меѓу другото) известувањето да биде објективно и непристрасно со  еднаков  третман  на  различните гледишта така што јавноста ќе може самостојно да гради мислење за општествените случувања и настани“, наведува во соопштение АВМУ по објавување на информации за истовремен ангажман на две лица и како активно вработени новинари во телевизии и како советници на премиерот Зоран Заев.
Додаваат дека во време кога земјава прави напори за зголемување на професионалноста на медиумите и слободата на информирање, ваквиот двоен ангажман може да претставува пречка за поставување професионална дистанца при информирањето на јавноста и да ја загрози слободата на изразување.
Агенцијата, како што наведува во соопштението, за ова ги информирала и премиерот Зоран Заев и двете телевизии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×