АВРМ: Преку субвенционирање плати вработени се 922 лица од кои 516 млади
Објавено на од во Економија
Преку мерката Субвенционирање плати што претставува финансиска поддршка за креирање нови работни места вработени се 922 лица во 717 фирми, а од нив 516 се млади лица до 29 години, соопшти денеска Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија АВРСМ.
agencija-za-vrabotuvanjeЗа вработување на овие лица исплатени се 204.573.000  денари од потсметката на Агенцијата за вработување наменет за активни програми и мерки за вработување.
Мерката субвенционирање на плати е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2019 година – Шанса за сите.
Со истата годинава е предвидено да бидат вработени 1.000 лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. За оваа мерка се издвоени најмалку 228.000.000 денари од потсметката за активни мерки на АВРСМ.
Во тек е потпишување договори помеѓу АВРСМ и работодавачите за вработување на околу 80 нови лица кои ги исполнуваат критериумите за учество во мерката.
Мерката Субвенционирање плати овозможува финансиска поддршка од 19.000 денари месечно како  субвенција на платата на вработеното лице за период од 3, 6 или 12 месеци, за вработување на лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот како: долгорочно невработени лица, млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, жртви на семејно насилство, лица со попреченост, родители на деца на улица итн.
Вкупната финансиска поддршка за едно лице за период од три месеци изнесува 57.000 денари, за шест месеци изнесува 114.000 денари и за 12 месеци изнесува 228.000 денари.
Средствата се исплаќаат еднократно за целиот период на субвенционирање, по реализацијата на вработувањето со полно работно време, во согласност со одредбите и условите наведени во Договорот за субвенција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×