Австрија не би го преживеала крајот на Шенгенот
Објавено на од во Политика

Крајот на Шенгенот, односно одново воведување на гранични контроли во ЕУ, би ја чинело Австрија, според тамошни студии до 43,2 милијарди евра.

Студијата „Prognos AG“  земала во обѕир две сценарија – едно оптимистичко, кое предвидува раст на цената на стоката која би билa увезена од земјите од ЕУ за само еден отсто, а песимистичката варијанта почнува од раст на цените за три отсто.

Според оптимистичкото сценарио годишниот минус поради укинување на Шенген би изнесувал 14,2 милијарди евра, а песимистичкото сценарио би донело загуба до 2025 година од 43,2 милијарди евра.

Австрија според оваа студија би се нашла помеѓу најпогодените земји во кои спаѓаат Велика Британија и Франција, а во источна Европа особено Полска.

Исто така и САД и Кина, би имале индиректни осетни последици од повторното воспоставување на граничната контрола внатре во ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×