Австрија почна да ги применува дневните квоти за бегалци
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Австриските власти како што најавија, денеска почнаа со примена на дневни квоти за прифаќање и пропуштање на бегалци, односно, од утринава, од осум часот применуваат нов систем за управување со граничните премини, потврди Министерството за внатрешни работи на Австрија.

Граничните премини од утре ќе бидат отворени од 6 до 22 часот, а максималната дневна квота ќе биде 80 молби за добивање азил.

Од бегалците кои не бараат азил, Австрија дневно ќе пропушта максимално по 3.200, кои планираат пропатување, односно барање азил во некоја друга земја на ЕУ.

Кога контингентот ќе биде пополнет со баратели на азил и со бегалци кои сакаат само да минат низ Австрија, на словенечката страна од границата ќе мораат да чекаат до следниот ден, односно до 6 часот наутро, кога границата повторно ќе се отвора.

Овој систем на управување со границата е воведен на јужната граница, кон Словенија, од каде во моментов, преку балканската рута, бегалците доаѓаат. Поради проценка дека  новиот систем би можел да ја пренасочи рутата, австриските власти најавија засилени контроли и на другите државни премини, со опцијата за кревање ограда, и примена на овој систем на управување.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×