Австрија се повлекува од глобалниот договор за мигранти на ОН
Објавено на од во Политика

German Interior Minister Seehofer In Vienna For Talks Over Migration Control MeasuresАвстрија нема да го потпише глобалниот договор на ОН за миграција, откако не го поддржаа САД и Унгарија, поради загриженоста дека тој ќе ја избрише разликата меѓу легалната и илегалната миграција, рече десничарската влада за медиумите, пренесе Ројтерс.

„Одлучивме да не го поддржиме договорот“, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц за радиото ОРФ.

Сите членки на ОН го одобрија Глобалниот договор за безбедна и и регулирана миграција во јули, освен САД кои му ја скратија поддршката од минатата година.

Десничарската влада на Унгарија, предводена од премиерот Виктор Орбан, соопшти дека нема да го потпише финалниот документ во Мароко во декември.

Полска, која исто така се судри со Брисел во однос на квотите мигранти, размислува да постапи како Унгарија.

Австрија нема да испрати делегати на церемонијата на потпишување во Мароко и ќе биде воздржана на гласањето во Генералното собрание на ОН за тој договор во септември следната година, според ОРФ и новинската агенција АПА пренесувајќи ја изјавата на Курц и вицеканцеларот Хајнц Кристијан Штрахе и додавајќи дека Владата официјално ќе ја одобри таа одлука во среда.

Во Виена договорот се смета за несоодветен за регулирање на мигрантското прашање, стравувајќи од загубата на суверенитетот во мигрантската политика и „бришење“ на разликата меѓу легална и илегална миграција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×