Австриската Штаермеркише ја купува Охридска банка за 52 милиони евра
Објавено на од во Компании

Sparkase 2По спојувањето, оваа банка ќе стане четврта по големина во земјава со вкупна актива од  над една  милијада евра. 

Шпаракасе банка и Охридска банка ќе се спојат и ќе функционираат како една банка од втората половина на следната година откако ќе се добијат сите одобрувања од регулаторните органи во земјава, најавија попладнево на прес конференција од менаџментот на австриската Штаермеркише Шпаркасе.

По спојувањето, оваа банка ќе стане четврта по големина во земјава со вкупна актива надм милијада евра. Австриската банка утрово објави дека постигнале договор со Сосиете женерал за купување мнозиниски удел во Охридска банка. Штаермеркише Шпараксе со тој договор треба да откупи 74% од Охридска банка, удел кој до сега го поседуваше Сосиете женерал. Овој пакет, според директорите, вреди околу 52 милиони евра. Останатите акции може да бидат превземени ако на продажба се одлучат и други акционери на Охридска банка.

Австријците тврдат дека се одлучиле на ваков потег затоа што гледаат потенцијал за раст на банкарскиот сектор во земјите од Западан Балкан, а и бидејќи сфатиле дека само на тој начин може да достигнат до водечка позиција во Северна Македонија, додека со органски раст тоа би било побавно.

Штаермеркише Шпаркасе оперира на пазарот во Северна Македонија десетина година откако ја купи Инвест банка. Откако ќе се реализира купопродажниот договор и ќе помине трансакцијата, ќе следи процес на спојување.

„По темелно анализирање на Охридска банка Сосиете женерал, која е една од водечките банки во Република Северна Македонија заклучивме дека оваа банка ќе одговара на бизнис моделот на Штаермеркише Шпаркасе поради нејзината големина и стратешката ориентација, рече Сава Далбоков, член на УО на Штаермеркише Шпаркасе.

По спојувањето на двете банки во една, ќе има пазарен удел од околу 12% до 14%.

Австријците на прес конференцијата потенцираа дека со новото име на државата се создава и нова поголема банка по што се наметна и прашањето колку изгласувањето на Преспанскиот договор бил пресуден во донесувањето на одлука за спојување.

„Иако сме присутни тука секако за новата инвестиција влијание имаше и одлуката и решението за името. Верувам во оваа држава и затоа инвестираме овде. На сите би им препорачал да го сторат тоа. Се надевам дека ова ќе биде позитивен сигнал за сите меѓународни инвеститори да го следат нашиот пример, бидејќи веруваме дека оваа земја има потенцијал за инвестиции и за развој. Би сакал да го истакнам и капацитетот на институциите што беа вклучени неколку месеци во подготвувањето на спојувањето на двете банки“, изјави Сава Далбоков, член на УО на Штаермеркише Шпаркасе.

Новата банка ќе има над 50 експозитури и вкупно над 140 илјади клиенти.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×