АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРИДОБИВКИ
Објавено на од во Економија

Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Автопатот Демир Капија – Смоквица ќе донесе придобивки од 464 милиони евра за 30 години
Објавено на од во Економија

Вкупните придобивки од изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10 во период од 30 години ќе достигнат 464 милиони евра, додека пак трошоците за градењето и одржувањето на автопатот се проценуваат на 330 милиони евра, покажа cost – benefit анализата на група истражувачи  во рамки на проектот FISCAST: Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија, спроведен од Finance Think. Анализата покажа дека сегашната нето – вредност е позитивна и на долг рок по 30 години од денот кога почна реализацијата на овој проект во 2011 година, изнесува 9,7 милиони евра.

Просечниот годишен поврат на инвестицијата на рок од 30 години, без да се пресметаат трошоците за исплата на камати, изнесува 0,13% за иницијалната инвестиција од 252 милиони евра, што е скромна исплатливост споредено со некои проекти во Европа кои што ги истражуваше Европската инвестициска банка (ЕИБ) каде што 10 од 14 изградени патишта донеле годишен поврат на инвестицијата од 4%.

Сепак, cost – benefit анализата покажа дека инвестициите во инфраструктурата носат повеќе придобивки отколку трошоци и поради тоа, истражувачите им сугерираат на властите што повеќе пари од буџетот да инвестираат во капитални објекти.

„Инвестициите во патна инфраструктура се долгорочни проекти и нивните ефекти може позитивно да се одразат врз бизнис секторот, да привлечат странски инвестиции и да ја зголемат трговската размена со земјата. Но исто така да намалат одредени негативни екстерналии како сообраќајни незгоди или скратување на времето потребно за патување. Сето ова на долг рок води до побрз економски развој. Во истражувањето во рамки на проектот FISCAST, беше идентификувано дека изградбата на еден таков инфраструктурен проект делницата Демир Капија – Смоквица, резултатите покажаа дека бенефитите ги надминуваат трошоците од овој проект, и покрај нискиот принос од 0,13%. Оттука, главната препорака е износите кои се трошат на овој тип проекти да се зголемува во иднина“, оценува Благица Петрески, извршен директор на институтот Finance Think.

Сличми препораки дека е потребно многу поголемо инвестирање во капитални проекти во инфраструктурата, кои на долг рок се исплатливи и го зголемуваат обртот на целата економија, упатија и истражувачите што ја направија оваа cost – benefit анализа.

„Капиталните проекти изминативе десетина години беа занемарувани на сметка на трошоци за социјални трансфери, плати за администрација и останати непродуктивни проекти. Доколку барем дел од нив се пренаменеа за изградба на јавната инфраструктура, како автопати, би се изградиле повеќе стотини километри автопат, кои би донеле раст на економијата, и би создале услови на долг рок со цел бизнисите да ги намалуваат трошоците на работење, на пример, преку заштеда на гориво, време за транспорт, и за сметка на тоа тие ќе работат со поголеми добивки, ќе отвораат нови работни места, па дури и ќе ги прошируваат своите бизниси“, велат истражувачите на оваа cost – benefit анализа, Квантум прима од Кавадарци и Здружението за регионален одржлив развој, Кратово.

Според нив, капиталните инфраструктурни проекти, и покрај тоа што се капитално интензивни во почетните години (во овој случај околу 9 милиони евра по километар) и за кои е потребно понатамошно долгорочно задолжување на државата преку заеми од меѓународни финансиски институции, сепак се исплатливи на подолг рок и придонесуваат во зголемувањето на генералната социо – економска благосостојба во земјата, но и креираат потенцијал за понатамошен развој.

Графика делница

Откако оваа делница ќе биде завршена до септември годинава, едно возило од Демир Капија до Смоквица ќе стигнува за 10 минути побрзо отколку сега. Наместо за 25 минути колку што се потребни за да се извозат сегашните 32,8 километри со максималната дозволена брзина од 80 км на час, по новиот автопат во должина од 27,3 километри, со максималната дозволена брзина од 110 км на час, од едното до другото место ќе се стигнува за приближно 15 минути.

Ако се знае дека дневно по овој автопат поминуваат во просек по 10.000 возила, сите тие по новиот автопат би заштедиле вкупно 97.000 минути. Доколку тоа се помножи со 365 дена во годината, се добива годишна заштеда од 590.083 часа.

А времето е пари. Од сите 10.000 возила што дневно ја возат оваа делница од Коридорот 10, само 3.800 возила се на Македонци, и доколку заштедата на време се изрази во вредност на работен и неработен час во земјава, анализата покажува дека заштедата би била околу 308 илјади евра годишно.

Освен заштеда на време, cost – benefit анализата покажува дека ќе се намалат и трошоците за гориво и амортизација на возилата, се проценува дека ќе се зголеми трговската размена со Грција а со тоа и економската активност.

Овие проценки ги потврдиле и менаџерите на 10 компании од овој регион кои што ги анкетирале истражувачите. Дури 70% од нив одговориле дека очекуваат да ги зголемат приходите откако ќе биде отворена оваа делница до крајот на годината, а 80% од нив потврдиле дека очекуваат да ги намалат трошоците за гориво и амортизација.

Според очекувањата на сопствениците на компаниите од секторите транспорт, шпедиција и логистика, туристичките агенции и фирмите кои се занимаваат со малопродажба, со изградбата на автопатската делница нивниот профит ќе порасне над 20%. Сепак, економистите проценуваат дека дури и да се нивните очекувања преоптимистички, раст на профитот од 10% би бил сосема реален.

Според податоците од Државниот завод за статистика, се проценува дека 40% од целата трговија во земјава се одвива преку Коридорот 10. Тоа значи дека ставката транспорт и складирање во бруто домашниот производ (БДП) токму по овој автопат зафаќа околу 95,9 милиони евра и растот од 10% би изнесувал 9,59 милиони евра годишно.

Меѓутоа, истражувачите објаснуваат дека растот на БДП како вредност не може директно да се внесе во cost – benefit анализата, па така како приход го калкулирале врз основа на проектирана профитна маржа односно нето деловен вишок од 40% кое дава директен бенефит во растот на БДП. Односно, 40% од 9,59 милиони евра или 3,8 милиони евра би бил директниот бенефит на годишно ниво од патниот транспорт по Коридорот 10.

Освен транспортот, истражувањето покажува дека со отворањето на новиот автопат се очекува значително да се зголеми трговската размена со Грција. Меѓутоа, засега е дискутабилно дали повеќе ќе порасне извозот од Македонија во Грција, или пак увозот.

Според проценките на Царинската Управа, околу 80% од вкупниот извоз во Грција од 150 милиони евра се одвива преку граничниот премин Богородица, односно токму по овој автопат. Од друга страна, Македонија увезува три пати повеќе од Грција, отколку што извезува и затоа според истражувањето, нејасно е дали новиот автопат ќе го зголеми нето-извозот или ќе го намали.

„Претпоставуваме дека порастот на извозот и порастот на увозот ќе се компензираат, и токму затоа не се зема како бенефит, иако во некои од изјавите на политичарите, при официјалниот почеток на изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, како можен бенефит беше спомнат токму растот на нето извозот кон Грција“, велат истражувачите.

Според една друга студија направена во 2010 година од грчкиот експерт Marios Miltiadou, со изградбата на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, годишно на оперативни трошоци ќе се штеди околу 2,3 милиони евра. Според претходните претпоставки за намалување на должината на делницата, и ако се има предвид дека просечниот годишен дневен сообраќај е 10.000 возила, просечната цена на горивата од изминатата година за лесни и тешки товарни возила (сооднос 80% лесни и 20% тешки моторни возила), произлегува дека годишно за гориво би се штеделе речиси 2 милиони евра. Останатите 300 илјади евра би се заштедиле од помала амортизација.

Тие 10.000 разни категории на возила што дневно поминуваат по оваа делница, на 2 планирани патарини од Демир Капија до Смоквица би плаќале годишно по  8,7 милиони евра што би бил приход за државата.

Со изградбата на новиот автопат, cost – benefit анализата покажува и дека бројот на загинати годишно ќе се намалува за 0,6 луѓе, бројот на повредени за 11,11 луѓе и материјалната штета ќе се намалува годишно за 176.811 денари, што значи дека годишно со новиот автопат ќе се заштедат 710 илјади евра на загинати, 930 илјади евра на повредени и 2.875 евра на материјална штета.

Половина милион евра годишно за одржување

Изградбата на оваа делница, која што е во завршна фаза, е финансирана е неколку меѓународни кредитни институции. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит од 107 милиони евра кој опфаќа и инсталирање на електронски систем за наплата на постојните патарини и изградба на четири нови патарини на коридорот 10, потоа две транши од по 65 милиони евра во 2011 година и 35 милиони евра годинава од Европската инвестициона банка (ЕИБ), 45 милиони евра од претпристапните фондови на Европската унија (ИПА) и 6 милиони евра од Агенцијата за Државни Патишта.

Каматата од договорите за заем со ЕБОР и ЕИБ е пресметана како 6 месечен Еурибор + 1% со што се се доаѓа до варијабилна годишна каматна стапка од 1,74%. Нема достапни амортизациони планови за исплата на кредитите, па се проценува дека кредитите после 3 годишниот грејс период ќе се исплаќаат на еднакви годишни ануитети (главница+камата) во текот на следните 15 години што е по 15,8 милиони евра годишно. Вкупните трошоци за камати се приближно 30 милиони евра за целокупниот 15 годишен период. За време на влечењето на траншите се плаќа еднократна провизија од 1% од вкупниот износ на кредитот или околу 2 милиони евра.

За експропријацијата на земјиштето се потрошени 1,9 милиони евра, додека пак трошоците за проектната документација изнесуваат 6,2 милиони евра.

Трошоците во врска со одржувањето се пресметуваат после десеттата година од изградбата на автопатот, бидејќи Актор има обврска, според договорот, до 2026 година да го одржува автопатот. Потоа трошоците ги превзема Агенцијата за Државни Патишта. Според податоците од Светска Банка, просечните трошоци за одржување на автопат би биле 505.650 евра годишно за должина од 27,3 километри, колку што е долга делницата која е во изградба.

Колку се важни патиштата за развојот на економијата покажува и фактот што 93% од производите се транспортираат по патниот сообраќај.

Во очекување целосно да заврши изградбата на автопатот, познато е дека ќе биде за 5,5 километри пократок од сегашната делница. Понатаму, рутата ќе има шест мостови со вкупна должина од 1.650 метри, од кои два ќе бидат долги над 600 метри и ќе бидат најдолги во Македонија. Ќе има два тунели со вкупна должина од 2.350 метри (должина на еден тунел околу 1.200 метри).

Вкупната ширина на патот ќе биде 25,6 метри, односно ќе има две ленти од по 3,5 метри за секој правец и лента за застанување со ширина од два метри, како и зелен појас од три метри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×