Азески: Само зголемувањето на  производството, извозот и инвестициите можат да донесат поголем економски раст
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2018

 

 

admin-ajax

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

После исклучително економски тешка година, деловната заедница во 2018 година очекува создавање нормални услови на стопанисување на пазарот на стоки и услуги, непречено владеење на правото и отстранување на сите фактори што го нарушуваат нормалното функционирање на пазарниот начин на стопанисување.

 

Какви очекувања имате за следната 2018 година?

После исклучително економски тешка година, деловната заедница во 2018 година очекува создавање нормални услови на стопанисување на пазарот на стоки и услуги, непречено владеење на правото и отстранување на сите фактори што го нарушуваат нормалното функционирање на пазарниот начин на стопанисување. Приоритетите мора да бидат насочени кон зголемување и поддршка на производството, извозот, инвестициите, пристап до финансирање на компаниите, продуктивноста на работната сила преку континуирано унапредување на образовниот процес, како и зајакнување на конкурентноста на македонската економија за да се постигне поголем економски раст и развој.

Во таа насока, очекувањата се дека со јасно поставени и дополнително разработени критериуми ќе се операционализираат предвидените владини мерки за економски раст, за да истите ја постигнат целта за која се креирани. Но, дополнително на тоа, неопходно е да се отвори прашањето за натамошните перспективи и развој на одредени индустриски сектори, со што преку аргументирани стручни дебати ќе може да се моделира долгорочната стратегија за економски развој, а притоа имајќи ги во предвид потенцијалите на нашата економија. Само на тој начин, среднорочно гледано, може да се постигне повисока стапка на раст, која сигурно може да достигне и да надмине 5%.

Предвидувањата засега се дека во 2018 година ќе се оствари стапка на раст на БДП од 3,2%, и колку истите согласно остварувањата оваа година се чини дека се нереални, сепак не се и невозможни. Што поскоро почне поддршката за извозните компании, се зголеми обемот на инвестиции и во целост се реализираат планираните капитални инвестиции кои согласно Буџетот за 2018 година се поставени на 24.144 милиони денари или се зголемени за 3,2% во однос на 2017 година, неспорно е дека ќе се постигне поголема динамизираност на економскиот раст и развој.

На надворешен план, во 2018 година не помалку важно ќе биде натамошното релаксирање на економските односи меѓу земјите од Западен Балкан, кои ќе се реализираат преку Коморскиот инвестициски форум, како инструмент кој работи на поттикнување на економската соработка и е кохезионен фактор на политичкото и економското функционирање на Балканот, а кој директно ќе влијае и на поттик на македонската економија. На Самитот за Западен Балкан кој ќе се оддржува во Лондон кон средината на 2018 година, за очекување е почеток на реализација на локалните и регионалните иницијативи кои ја форсираат соработката и слободниот проток на стоки, услуги и работна сила. Од друга страна, македонската економија во наредниот период може да заживее и со оглед на тоа што европските аналитички и статистички организации бележат забрзан пораст на економијата во Европската Унија. Тоа значи дека подобрувањето на економските трендови во ЕУ, пред се на Германија за која германскиот Институт за економски истражувања ја зголеми значително економска прогноза за 2018 година на 2,6%, како  највисока стапка на раст од 2011 година, е добра вест и за Македонија со оглед на фактот дека тоа е економијата со која имаме најголема надворешно трговска размена.

 

Каде ги гледате предизвиците и потенцијалите за поголем економски раст?
Предизвиците се секогаш присутни и за да се остварат подобри економски резултати, посебно во услови кога е поволно деловното опкружување како основ за зголемување на извозот, акцентот треба да биде ставен на поддршка на економијата за што е потребен поголем ангажман на домашен терен.

Во таа насока најавениот пакет на мерки за економски раст е неопходно да стартува што поскоро, но притоа имајќи ги во предвид и барањата на деловната заедница истите да бидат моделирани така што со нивна примена и имплементација ќе се остварат позитивни резултати во конкретни индустриски гранки веќе во 2018 година. За да има развој потребно е најмалку 20 до 25% од Бруто домашниот производ да се инвестира во нови производи, иновативност, конкуретност.

За таа цел неопходно е да се работи на стимулирање и поттикнување на обемот на сите инвестиции, не само на странските, туку и на домашните, како и на оние кои се користат за реконструкција и модернизација на постојните производни капацитети. Со модернизација на капацитетите, иновирање на технологијата, ќе се унапреди обемот на производство, ќе се отвараат нови работни места, а со тоа ќе се зголемуваат и извозните активности како главен двигател на економијата. Секако многу значајни се и јавните инвестиции планирани во патната и железничката инфраструктура, чијашто динамика би требало да забрза по привременото забавување во тековнава 2017 година.

Тргнувајќи од фактот дека сме мала држава со мала економија, повеќе од потребна ни е извозна ориентација, со која ќе расте учеството на извозот во бруто домашниот производ и наспроти сегашната застапеност која е околу 50% ќе се зголемува за дополнителни 10 до 20 процентни поени. Во оваа насока нашата цел е на компаниите да им помогнеме и покрај потребата за зголемено присуство на постојните пазари, да се изнаоѓаат и нови, што како концепт ќе го развиваме преку новоформираниот Клуб на извозници во рамки на Стопанската комора на Македонија.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×