АЗНПМ: Асани да се извини за клеветење на весникот Коха
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Од Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми сметаат дека директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани, за напис во весникот Коха на тема спомен плоча на Мајка Тереза, на недоличен начин го обвинил весникот Коха за поттикнување на говор на омраза, односно, антисемитизам.
118779530_329917738453323_4787164125604171536_n
Од Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во РСМ (АЗНПМ) велат дека се загрижени од фактот што во последно време станува пракса што носители на функции во јавни установи се пресметуваат јавно со медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа.
Последниот пример, како што велат од АЗНПМ,  е со директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), Скендер Асани, кој за напис во весникот Коха на тема спомен плоча на Мајка Тереза, „на недоличен начин го обвинил весникот Коха за поттикнување на говор на омраза, односно, антисемитизам.“
„АЗНПМ смета дека овие обвинувања се крајно неосновани и злонамерни, преку коишто директорот на ИДКНА сака да го дефокусира вниманието од неговата одговорност на темата за којашто пишуваше Коха, а тоа е начинот на кој е поставена спомен плочата на Мајка Тереза, со посебен осврт на името на донаторот, отсуство на верскиот симбол крст и изостанок на именувањето на Мајка Тереза како светица, бидејќи тоа е сторено од Ватикан пред неколку години.“, се вели во соопштението од Асоцијацијата.
АЗНПМ потсетува дека улогата на медиуАмите и новинарите во едно демократско општество е да пишуваат слободно и без притисок за теми коишто се предмет на јавниот интерес.
Во таа насока, смета АЗНПМ, обврска на функционерите на јавните установи е да бидат транспарентни во нивната работа и да имаат отворена комуникација со медиумите.
„Доколку директорот Асани смета дека медиумот непрофесионално ја врши својата работа, тој имал право на приговор и до медиумските саморегулативни  тела, како и до нашата асоцијација, или да го искористи своето законско право за барање на исправка или демант, но во никој случај тој нема право неосновано да клевети медиуми.
Затоа, барем под итно, како чин на морална одговорност за тешките и неосновани квалификации, директорот на ИДКНА Скендер Асани јавно да се извини на весникот Коха и истовремено го известуваме дека во иднина, доколку има што да каже – нашата асоцојација и медиумските членки се отворени за соработка.“, велат од АЗНПМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×