Бабовски: Ги мотивираме жените да отвораат бизниси и да ги развиваат средините во кои живеат
Објавено на од во Економија
Ги мотивираме жените да отвораат бизниси и да ги развиваат средините во кои живеат, рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на  жената од руралната средина, кој нагласи дека се бележи тренд на пораст на искористеност на средства од страна на жените и тоа во сите програми.
Bobovski007„Ако во програмскиот период од ИПАРД 1 одвај три проценти од исплатите беа за жени апликанти, сега со ИПАРД 2 дури 23 отсто од исплатите се кон баратели жени. На сите повици од ИПАРД 1 вкупно пристигнати се 2.878 барања, договор потпишале 1.340 апликанти, само 40 барања се од жени апликанти“, соопшти тој.
На сите повици од ИПАРД 2, потпишани се 1.012 договори, од нив 221 договори се со жени.
Бабовски информираше дека годинава, од 1.347 апликации за набавка на трактори, 343 се барања од жени. За обезбедување на пчеларска опрема, од 481 барање, 91 било поднесено и одобрено за земјоделски стопанства во кои жени биле носители на дејноста.
„На повикот за помош за млади земјоделци, од 1.041 барање, 140 се одобрени за жени. Најголем интерес кај жените има за мерките за набавка на расен  добиток. Од пристигнати 73 апликации, 33 се одобрени за жени“, информираше директорот.
Тој рече дека континуиран раст има и кај бројот на апликации, но и на исплатени средства за субвенции. Од 68.079 корисници на средства за финансиска поддршка, 11.906 корисници се жени.
Потсети дека за да се  мотивираат да реализираат инвестиции од ИПАРД програмата, се овозможува поврат на 65 отсто враќање на средствата за реализираните прифатени трошоци, а има и 10 и 20 поени плус при рангирање за програмата за рурален развој.
Васе Мојсовска, претседател на Националната федерација на фармери, рече дека многу е мал процентот на жени кои се сопственици на имоти, само пет отсто. Затоа заедно со надлежните државни институции и донаторите работат на тоа да се зголеми свеста за оваа проблематика, подобрување на економскиот и социјалниот статус на жените од руралните средини, жените почесто да бидат сопственици на имоти, да имаат право на трудничко боледување и слично.
Жени земјоделки споделија искуства околу тоа дека родителите не треба да им препишуваат имоти само на машките, туку и на женските деца, како е да се биде постојано активен, да се биде сопруга и мајка но и успешен земјоделец, па дури во меѓувреме и да се заврши и факултет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×