Бабовски: Почна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка од три денари за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
Објавено на од во Економија

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека започна поднесувањето на барања за финансиска поддршка за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.

Babovski-WEB-978-02

Николче Бабовски, Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, вели дека сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети ќе може да добијат финансиска поддршка од три денари по килограм.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.

Бабовски потсети и дека до 25 – ти декември 2018 година, барање за финансиска поддршка може да поднесат и органските производители за следните намени:

„   За преработка на органски производи и органски производи во преод вклучително за    доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло,

-       За трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло,

-       За стучна контрола и сертификација и

-       За анализа на својствата на почва и производ – истакна Бабовски. “

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Потребните докумнети се објавени во Упатството за корисници и истото може да се превземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mkво делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×