Back to business: Како трендовите за плаќање во време на Covid – 19 ја преобликуваат трговијата
Објавено на од во Компании
Ендру Торе, регионален претседател на Visa за Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка, за влијанието на COVID-19 и како да се започне закрепнување во пост-пандемичен свет.
,                           Visa    CEMEA
[преземено од Forbes Middle East]
Многумина од нас ги одбележаа последните часови од 2019 година збогувајќи се со декадата на економска експанзија и гледајќи оптимистички напред. За многу кратко време, многу нешта се променија. Влијанието на пандемијата предизвикана од  COVID-19, како и брзото темпо на прилагодување се неверојатни. За само неколку месеци, оваа нова декада веќе може да се дефинира според настаните до денес и со нашата реакција сега.
Ефектот врз трговијата значи нејзин голем пад. Како глобална мрежа за плаќања и двигател на трговијата, добиваме уникатен увид на трошењето во Централна Европа, Блискиот Исток и Африка (CEMEA) преку нашето локално присуство. Ова вклучува повеќе од 5 милиони трговци и 360 милиони картички во регионот. Посветивме внимание на малите бизниси низ CEMEA и согледавме дека дури до 93% имаат забележано значително негативно влијание, како резултат на ситуацијата предизвикана од COVID-19 и до 89% имаат забележано пад на трошењето кај потрошувачите.
Исто така, некои можности се појавија претпазливо за бизниси од сите големини. Е-трговијата стана витален начин за купување и продажба, а потрошувачите се префрлија кон онлајн купување побрзо од било кога. Онлајн купувањето е значително зголемено во многу земји, а во многу мали продавници и други продажни места, кои останаа отворени, сè повеќе купувачи преферираат бесконтактно плаќање без допир, најмногу со помош на мобилните уреди.
Како што трговците на мало се подготвуваат за живот вон кривата, најверојатно е дека овие промени се долгорочни. До 86% од купувачите во CEMEA имаат зголемени преференци за дигитално плаќање во споредба со пред пандемијата, а слично мнозинство очекува дека ќе продолжи со дигитално плаќање наместо плаќање со готовина, откако пандемијата ќе се смири. COVID-19 радикално ја забрзува нашата дигитална иднина и многу е важно да се адаптираме. Бизнисите, кои ги приоритетизираат еластичноста и повторното иницирање на раст, ќе напредуваат.
Еве неколку перспективи за тоа како трговците можат да се движат во оваа тековна комплексност, да се вратат на работа или добро познатото “get back to business“ и да бидат добро позиционирани за трговија вон кривата.
 
Прифатете ја промената
Сите се насочени кон барање посигурна и поедноставна трговија. Веќе согледуваме дека потрошувачите бараат начини за плаќање, со цел избегнување непотребни физички контакти, како што е бесконтактното плаќање. Луѓето ја сакаат леснотијата на приближи-и-плати (tap-to-pay) опцијата со картички, телефони или часовници. Сега ги согледуваат и безбедносните придобивки, со тоа што до 80% од луѓето имаат зголемена наклонетост кон бесконтактното плаќање во време на кризата.
Поддржете ги малите бизниси
Пандемијата драматично влијае на малите бизниси, со до 82% од трговците, кои се грижат за иднината и гледаат големо или сериозно влијание. Е-трговијата нуди огромна можност, но како што малите бизниси дефинираат нови бизнис модели, потребно е заеднички да ја поддржиме истата. Visa кај голем број на мали бизниси воведе алатки со цел да се насочат онлајн. Каде купуваме и продаваме никогаш не било толку значајно како сега.
Онлајн искуството е важно
Потрошувачите можеби први се префрлија кон онлајн и бесконтактно плаќање како резултат на потребите, но од клучно значење е фокусирање на искуството со цел да се задржат каде што се. Ова започнува со обезбедување на целосно безбедно и непречено плаќање, но истото исто така бара и иновации. Воведување на плаќање преку картички со датотеки (card-on-file) и технологија на плаќање со клик (click-to-pay), може да помогне во обезбедувањето искуството да е беспрекорно, побрзо и попогодно, дури и за оние кои прв пат купуваат онлајн.
Носете попаметни одлуки
Овие се неизвесни времиња, но податоците и интуицијата можат да бидат моќни алатки за да се разбере што ќе се случува во иднина, но и да се предвидат трендовите на потрошувачите и да се искористат можностите кои претстојат. Во брзото, променливо и динамично опкружување, длабинскиот увид во податоците може подобро да ги открие преференците на потрошувачите и да овозможи поинформативно и поагилно носење на одлуки.
Истражете нови начини на плаќање
Нов бран на вработени, хонорарни работници и работници на проекти во економијата излегуваат од пандемијата за да одговорат на ограниченото општество и истите бараат брз пристап до дигитални средства. Без разлика дали станува збор за компании кои исплаќаат лица преку брзо префрлување на пари на нивните банкарски картички, или луѓе кои сакаат да испратат пари до нивните семејства и пријатели, постојат можности парите да се движат побрзо со најголеми нивоа на сигурност.
Надвор од овие трендови, од витално значење е компаниите, владата и општеството да работат заедно за да се создаде back-to-business опкружување за сите и да помогнат да се изградат посилни мали бизниси. Нашата Visa Фондација обезбеди $210 милиони за поддршка на малите бизниси во наредните пет години. Како компанија, исто така презедовме глобална обврска за дигитално овозможување на 50 милиони мали и средно-големи бизниси, во текот на три години, да понудат поддршка на нашата мисија во помагање на заедниците не само да се опорават, туку и да растат.
COVID-19 ќе има трајно влијание врз тоа како луѓето ќе се движат низ секојдневниот живот и како ќе работат компаниите. Веќе го гледаме тоа во светот на плаќањата со префрлањето кон бесконтактни плаќања, е-трговија и нови движења на парите, како и бизниси кои се трансформираат во целосно нови бизнис модели. Додека ќе гледаме назад кон 2020та како година на кризи и предизвици, сепак нашиот одговор и реакција можат да бидат тоа кое нè дефинира, а не самата пандемија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×