Бајден до Заев: Вашето лидерство ќе остане запаметено по историското достигнување
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими писмо од поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден во кое истакнува дека му претставувало чест што се сретнал со премиерот Заев на Конференцијата за безбедност во Минхен и за разговорот низ кој размениле мислења за актуелните политички прашања.
“Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум дека договорот е сериозен позитивен развој и за европската интеграција и единство. Како што реков на разговорот во Минхен, успехот на Северна Македонија е успех и за цела Европа, и тоа е добро за сите, пишува во писмото поранешниот потпретседател на САД, Бајден.
Bajden
Бајден во писмото пишува и дека со нетрпение го очекува денот кога Република Северна Македонија ќе биде пречекана како полноправна членка на НАТО.

“Вашата визија ги постави темелите на безбедноста и сигурноста и Вашето лидерство како Претседател на Владата од граѓаните на Северна Македонија ќе биде запаметено по историското достигнување, нагласува во своето писмо до премиерот Заев Џо Бајден.
Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден го завршува писмото со увереноста дека пријателството меѓу двата народа во годините пред нас ќе биде сѐ посилно.

“Ве уверувам дека јас лично ќе се застапувам за вашите политики и посветеност за подобра иднина, се вели во писмото на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Џо Бајден беше потпретседател на САД во периодот од 2009 до 2017 година за време кога претседател беше Барак Обама, а медимите го споменуваат како можен кандидат и на следните претседателски кандидат на изборите кои треба да се одржат во 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×