Бајден: Северен тек 2 е лоша зделка за Европа
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Гасоводот Северен тек 2 е лоша зделка за Европа, изјави потпретседателот на САД, Џо Бајден.

Руски Гаспром и неговите европски партнери лани ја договорија изградбата на овој гасовод, што ќе оди под површината на Балтичкото море, до Германија.

Според Бајден, „потпирањето на Русија во поголема мера … фундаментално ќе ја дестабилизира Украина“, но, тој додава дека лидерите на Европската унија сами треба да донесат одлука за ова прашање.

Потпретседателот на САД говореше на прес-конференција во Стокхолм, по состанок со шведскиот премиер Стефан Левен.

Покрај Бајден, и некои источноевропски држави сметаат дека со Северен тек 2 би можела да се доведе во прашање диверзификацијата на добавувачите на гас, односно, да се влијае на енергетската безбедност на ЕУ, која третина од своите потреби (за гас) ги подмирува од Русија.

Гасоводот, би имал вкупен годишен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас, и би го удвоил количеството што од Русија директно би се испорачувало во Германија преку Балтичкото море, заобиколувајќи ја Украина како традиционална транзитна рута.

Земјите на ЕУ се поделени околу проектот – Балтичките и источноевропските, вклучувајќи ја и Полска, се противат на изградбата, но Германија силно сака да си обезбеди евтино снабдување со гас.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×