Бајрам Реџепи, директор на Национални енергетски ресурси: Годинава ќе ја завршиме со 100 километри изграден гасовод
Објавено на од во Економија
„Изградбата, развојот и одржувањето на дистрибутивната мрежа во регионите каде имаме изградено преносна мрежа , но и во повеќе други региони треба да заврши за 4 до 5 години, по воспоставувањето на јавно-приватното партнерство“, вели Реџепи за Капитал.

 

2KK_6485

За гасот да стигне до граѓаните и фирмите ќе треба да се изгради дистрибутивна мрежа, која се планира да се реализира преку приватно-јавно партнерство. Ефектите од изградбата на дистрибутивната мрежа ќе бидат повеќекратни. Таа инвестиција ќе биде не помала од 300 милиони евра, ќе се отворат околу 3.000 нови работни места и ќе има исклучително големо влијание во домашната економија, бидејќи и домаќинствата и индустријата ќе имаат пристап до поевтин и еколошки енергенс и многу едноставен за користење. Изградбата, развојот и одржувањето на дистрибутивната мрежа во регионите каде имаме изградено преносна мрежа , но и во повеќе други региони треба да заврши за 4 до 5 години, по воспоставувањето на јавно-приватното партнерство

 

 

До каде е на терен процесот на гасификација во Македонија ? Изминатава година засилено се работеше на изградбата на магистралните гасоводи?
Во моментов, градежни активности и машински работи има на 27 различни локации во државата. Процесот на експропријација е при самиот крај, а оваа година ги надминавме и поголемиот дел од другите проблеми и пречки, со што се отвори и голем терен за работа. Според динамичниот план оваа година ќе ја завршиме со околу 100 километри изграден гасовод, при што ќе се затвори скоро 100% од планираната инвестиција за градба.
До крајот на оваа година на делницата Неготино- Битола ќе бидат изградени околу 85 километри, и за наредна година ќе ни останат не повеќе од 7 километри. На делницата Скопје-Тетово-Гостивар за наредната година ќе ни останат околу 25 километри (треба да се напомене дека на оваа делница над 90% од тешкиот планински предел е завршен). Двете делници ќе станат оперативни, во текот на втората половина на 2020 година.
Изградбата на магистралните гасоводи има очигледен напредок, но што ќе биде потребно потоа за гасот да стигне до граѓаните и компаниите?
За гасот да стигне до граѓаните и компаниите, потребно е брза изградба на дистрибутивната мрежа во целата територија на државата, со иста и единствена тарифа.Тоа е клучниот потребен услов. Во моментов се прави ревизија на студијата за изградба , развој и одржување на дистрибутивната мрежа, со помош на ЕБРД и се надеваме дека таа ќе биде завршена во скоро време, по што и ќе се објави повикот за воспоставување на Јавно приватно партнерство.
Во поглед на изградбата на дистрибутивната мрежа, како планира Владата таа да се гради и кое е реално значењето на оваа инвестиција од аспект на ефектите кои ќе ги има врз економијата?
Ефектите од изградбата на дистрибутивната мрежа ќе бидат повеќекратни. Таа инвестиција ќе биде не помала од 300 милиони евра, ќе се отворат околу 3.000 нови работни места и ќе има исклучително големо влијание во домашната економија, бидејќи и домаќинствата и индустријата ќе имаат пристап до поевтин и еколошки енергенс и многу едноставен за користење.
Изградбата, развојот и одржувањето на дистрибутивната мрежа во регионите каде имаме изградено преносна мрежа , но и во повеќе други региони треба да заврши за 4 до 5 години, по воспоставувањето на јавно-приватното партнерство.
2KK_6490Она што е можеби најважно во целиот процес е цената на гасот да биде прифатлива и ниска за да може граѓаните и компаниите лесно да го прифатат како алтернатива на електричната енергија? Што е, според вас, клучно за да може да се обезбеди пониска цена на гасот со оглед дека и сега плаќаме многу висока цена на гас?
Повеќе други предуслови се потребни за да дојдеме до евтина цена на гас за домаќинствата и индустријата и владата е ангажирана целосно да се создадат сите тие предуслови.Повеќето од нив се веќе создадени или се во тек.
Со новиот Закон за енергетика, пазарот е веќе либерализиран, веќе се изградени околу 200 километри преносна мрежа, се намалува ДДВ-то на 5 %, се диверзифицираат изворите за снабдување со изградбата на интерконективниот гасовод со Грција, ќе се изгради интреконекторот со Косово, кој ќе влијае за значително намалување на тарифите за пренос, ќе имаме брза изградба на дистрибутивната мрежа, ќе се субвенционираат внатрешните инсталации кај домаќеинствата итн. Тоа ќе значи брз раст на потрошувачката на гас, што ќе детерминира и брзо намалување на цената.
Во пракса префрлањето на гас на едно домаќинство може да биде многу скапо, со оглед дека е потребна инвестиција во приклучок, промена на постојните апарати за домаќинство. Како овој процес да се направи поевтин и поприфатлив?
На едно просечно семејство со просечен стан од 80 квадрати ќе им бидат потребни околу 1.500 евра за да ја прилагоди внатрешната инсталација. Знаејќи ја финансиската моќ на домаќинствата, Владата планира поголемиот дел од тие средства да ги субвенционира. Идеално би било на сите тиа семејства што примаат социјална помош да им се субвенционира комплетно целиот трошок, а на другите да се лансираат меки кредити преку комерцијалните банки или преку операторите. Тоа ќе влијае за брзо да расте бројот на приклучоци и целата потрошувачка, а ефектот ќе биде двоен, и домаќинствата и индустријата добиваат поевтин енергенс, и конечно ќе се реши проблемот со аерозагадувањето.
Каков е интересот на компаниите и индустријата за приклучување на гасоводната мрежа?
Интересот е голем. Сите го чекаат со нетрпение. Во пoвеќе градови и региони многу компании постојано се интересираат за текот на реализацијата на овој проект. Повеќе од нив дури почнале да ги прилагодувааат нивните инсталации. Многу е битно и во законот за градба да се направи измена и да се наметне новите проекти да се изготвуваат со вклучена гасна инсталација.
Интерконекторот кон Грција се најавува како многу важен проект за Македонија. Може ли да објасните зошто е овој проект важен за земјата, поконкретно неговото економско и геостратешко значење? За колкава инвестиција станува збор и како ќе се финансира?
Тој проект е во врвот на нашите приоритети. Изградбата на интерконекторот кон Грција ќе значи диверсификација на нашите извори за снабдување, пристап до поевтин гас, и секако сигурност на нашиот пазар на гас.
На нашата територија од Неготино до Гевгелија интерконекторот ќе биде во должина од околу 68 километри со вкупен капацитет од 2,8 милијарди метри кубни годишно. Во моментов се изготвуваат студијата за влијанието врз животната средина, инфраструктурниот и основниот проект, со грант средства од WBIF (Western Balkans Investment Framework) . Вкупната инвестиција се очeкува да биде околу 45 милиони вра. Ќе се финансира со грант од 10 милиони eвра од WBIF, а другиот дел ќе биде кредит од EIB (European Investment Bank).
Градбата се очекува да почне кон крајот на наредна година, а ќе заврши до крај на 2022 година.
Се најавуваше и изградба на крак од гасоводот кон Косово? Колку е тоа реално остварливо и каква придобивка ќе има државата од тоа?
Изградбата на интерконекторот со Грција ќе овозможи да имаме доволни количини за да го снабдиме и косовскиот пазар, па дури и црногорскиот и делот на јужна Србија. Користењето на нашиот преносен систем за транзит кон другите држави ќе биде од голема важност за нашата држава, и директно ќе влијае за намалување на цената за пренос. Ние аплициравме за грант за физибилити студијата во WBIF и скиринингот помина без ниту една забалешка.
Очекуваме дека тој грант ќе биде одобрен кон средината на овој месец, а наредната година очекувам дека ќе ја завршиме физибилити студијата, по што ќе почнат другите фази од проектирањето.
Овој исклучително важен проект е планирано да почне да се гради кон крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година.
На повидок е решение на проблемот со сопственоста на државата со ГАМА и откуп на уделот кој го имаше Макпетрол? Колку и како решението на овој проблем ќе го подобри управувањето со гасоводната мрежа?
Според новиот Закон за енергетика, преносниот систем на државата треба да го оперира само еден оператор. Исто така, Законот налага да се раздвојат дејностите, и тоа требаше да се заврши до 4 јуни, една година по стапување на сила на Законот. Значи веќе се касни со постапката. Но, тоа мора да се заврши до крајот на годинава, бидејќи парите за купување на тој удел од приватниот оператор се предвидени во годинешниот буџет и реално е тој процес да се заврши во тој период.
Значи, со решавањето на овој проблем се исполнува законската обврска, но секако дека и значително ќе влијае во функционалноста на преносниот систем во државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×