Balkan Changemakers’ Weekend во Струга од 26-28 август
Објавено на од во Компании
Млади претприемачи од регионов и искусни бизнис ментори претстојниов викенд во Струга ќе се обидат да најдат предлози и решенија за најголемите проблеми на стартап заедниците во југоисточна Европа. 
Balkan-Changemakers-2

 

 

 

 

 

 

 

Дваесетина луѓе од седум земји од Југоисточна Европа ќе се соберат за работен викенд од 26-28 август во Струга и ќе се обидат да најдат решенија за проблемите кои го кочат растот на start-up екосистемите во регионот.  Како да се продолжи да се инспирираат и мотивираат луѓето да се стремат кон претприемништво и развивање иновативни бизниси, е главната тема на Balkan Changemakers’ Weekend, кој што организи

Ова е почетен настан, организиран од и за млади луѓе кои имаат заедничка визија за поттикнување на претприемништвото и start-up екосистемите во нивните земји, преку соработка и размена на знаења и искуства.“, вели Нина Николиќ, организатор на настанот.
Меѓу учесниците, има претставници од SECO EP- Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина; Oficina во Тирана, Албанија; HUB385 во Загреб, Хрватска; Иновативен центар во Косово и УНИЦЕФ иновации Lab Косово во Приштина, Косово; и StartUp Grind и Startup Weekend во Скопје, Македонија. Исто така, присутни ќе бидат членови на start-up заедниците, како и основачи на стартапи вклучувајќи ги Imagga од Бугарија, Vollo од Хрватска и Brainster од Македонија.

Организациските напори за овој настан се признаени и поддржани од страна на SECO програмата за претприемништво (SECO EP), проект кој е поддржан од Владата на Швајцарија и имплементирани од страна Swisscontact, заедно со J.E. Остин.

“Изминатите два месеци ги поминав патувјќи низ Балканските земји и истражувајќи ги  start-up заедниците во Југоисточна Европа, учејќи за тоа какви претприемачките можности им се нудат на младите во регионот. Забележав дека има мноштво на брзо-растечки организации посветени на технологијата и претприемништвото. Сепак, тоа бара тим од креативни, информирани и посветени умови кои ќе помогнат околу тоа како да се инспирира многу поширок спектар на луѓе да им се пријде во нивните животи со претприемачки начин на размислување и да ‘ги нурне’ во старт-ап светот“, вели Мерилин Харис, еден од органзиаторите на BCW.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×