Балкан Петролеум: “Јосифовски и партнерот го искористиле Макпетрол во офшор-компанија за да ги оштетат акционерите”
Објавено на од во Компании

Факт е дека Македонија во последниве години потроши многу пари на привлекување на странски инвеститори, бидејќи домашните од различни причини не покажале некој интерес да го прошират својот бизнис и да ја раздвижат економијата. Токму затоа, но и поради даночната политика, Балкан петролеум решиле да инвестираат во Македонија и да ја преземат нафтената компанија Макпетрол.

„Во неколку наврати од Балкан петролеум, преку нивниот овластен полномошник во земјава, дузина од овие информации беа демантирани, но тоа не беше доволно да престaне ’валканата’ кампања врз компанијата. Главниот фокус на негативната кампања е дека зад Балкан петролеум стои сомнителен капитал и дека зад него стои фирмата Даволиа холдинг, која била регистрирана во Кипар и дека сè што е поврзано со Балкан петролеум е сомнително и корумпирано, иако Балкан петролеум има обезбедено банкарска гаранција од најголемата приватна банка во светот, швајцарската, УБС“, велат од Балкан петролеум холдинг лимитедво написот кој го објави порталот www.mkd.mk (http://www.mkd.mk/makedonija/bphl-josifovski-i-partnerot-go-iskoristile-makpetrol-vo-of-shor-kompanija-za-da-gi#1)

Во негативната кампања не биле поштедени ни Комисијата за хартии од вредност и Регулаторната комисија за енергетика и тие се под притисок и се оцрнува нивната работа, пишува мкд.мк.

Makpetrol-foto„Реалноста, пак, е сосема едноставна: двајца богаташи, се подготвени да ги инвестираат во Македонија со цел да купат компанија која не издава дивиденда веќе 6 години и има загуби во висина од 15 милиони евра плус кредитен долг и законски спорови, нешто што е легално и во што нема ништо спорно. Андреја Јосифовски користел оф-шор компанија за да ги оштети и манипулира акционерите на Макпетрол и самиот Макпетрол како правно лице?! Од сигурни извори добивме документи дека, Андреја Јосифовски, кој ја „бомбардира“ јавноста во медиумите со ’приказни’ за офшор компании и сомнителен капитал, заедно со Милан Сотивовски, во 1993 година, регистрирал офшор-компанија Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар користејќи го Макпетрол како еднаков партнер во оваа компанија (50% – 50%)“, велат од Балкан Петролеум.

“Главното прашање е: Дали Макпетрол, Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски, ја формирале оваа компанија со еднакви основачки влогови, и дали делеле еднаков профит со акционерите на Макпетрол, или ова е сепак една класична малверзација каде парите од профитот се чисти пари на акционерите?! И за иронијата биде уште поголема, компанијата е лоцирана на адреса, која покажува дека истата е во ’комшии’ со Даволиа Холдинг (компанијата која постојано се спомнува на Телма ТВ). Ги делат две згради, и секретарот, Hive Management Services Limited, e компанија која издава канцеларии и услуги. Petroimpex (Overseas) Limited постоела 20 години, и е затворена во 2013 година, само 3 години по забраната на кипарската Влада за оф-шор компании. За оваа компанија не постои ниту еден податок во македонските државни институции, дека Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски ги регистрирале и пријавиле своите акции, според законот. Едно од најважните прашања е: Дали оваа компанија била алатка која се користела за ’испумпување’ на пари од Макпетрол?! Истовремено, се поставува прашањето дали е возможно загубата од 15 милиони евра, за која тврдат дека ја прикажувала Макпетрол со години, да не е вистинска загуба, а и дали можеби сите одговори се кријат во Petroimpex (Oveseas) Limited? “, прашуваат од Балкан Петролеум Лимитед.

BP 1Од Балкан Петролеум потсетуваат дека Petroimpex (Overseas) Limited, не е единствената компанија каде што се појавува името Јосифовски. Mинатата година МВР поднесе кривични пријави против 21 лице поврзано со незаконско прелевање на капитал од Макпетрол во Оилко“.

„Кривични пријави беа поднесени не само против Андреја Јосифовски, кој беше првоосомничен во случајот во својство на претседател на Управниот одбор во Макпетрол и Комплементар и управител во командитното друштво Оилко, но и десет членови на Управниот одбор и осум членови на Надзорниот одбор истотака. Сите тие се товарат дека на акционерите им нанеле штета од 375.180.000 денари, притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во Макпетрол во износ од 19,95%, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари“, пишуваа мкд.мк.

“Макпетрол почнал да работи со профит, а „по континуирано работење со загуби седум години по ред, и само неколку месеци после овој скандал“. Јосифовски заработува милиони, велат од Балкан Петролеум.
“Иако Макпетрол работел со загуби со години, Јосифовски сепак има менаџерски договор за лојалност кој му овозможува астрономска плата и покрај тоа што не ја води компанијата како што треба и не ги задоволува барањата и очекувањата на акционерите. Така, за минатата година според годишниот извештај на Макпетрол, објавен на Македонската берза, Јосифовски имал годишна плата и надоместоци од 9.335.162 денари и плус по основа на други надоместоци зел уште 52.904 денари. Зема годишна плата и од Оилко исто така. Според официјални податоци од компанијата минатата година од Оилко како Комплементар примил надомест од 1.320.000 денари, како и дивиденда од Оилко, која искалкулирана според процентуалното учество на неговите акции кои ги поседува (14.98%), изнесува 2.255.296 денари“, велат од Балкан Петролеум.

 

One thought on “Балкан Петролеум: “Јосифовски и партнерот го искористиле Макпетрол во офшор-компанија за да ги оштетат акционерите”

  1. Ама баш ништо нема да се случи. Фамилијата си игра бизнис сега. Истото го направија со Алфа банка, сега и тука. Ќе си имаат банка и Макпетрол сега. После може да се менува власта, сеедно ќе им е додека си ги полнат џебовите.
    Инаку интересно е да проверат новинарите со НБРМ како се исплаќаат кредити на блокирани сметки и нефункционални компании во Банката што си ја купи фамилијата – поранешна Алфа, сега Силк Роад. И како тоа директорот на состанок со вработени вади палка, и им кажува како се дисциплинираат со палка вработени во Кина. Тажно е како ни тоне се во државава. Кина за кратко ќе стане прогресивна во делот на зашита на работнички права, во споредба со нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×