Balkan Venture Forum вчера и денес во Загреб: Балкански стартапи бараат инвеститори
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вчера и денес во Загреб се одржува седмото издание на Balkan Venture форумот во чии рамки се одржува и финалето на натпреварот Pioneers of Balkans (Пионери на Балканот) во кое влегоа 50 најдобри стартап компании, а меѓу нив и четири од Македонија.

BVF Zagreb

За натпреварот се пријавиле вкупно 589 стартапи од регионот, рече Александар Тасев, еден од покренувачите на Balkan Venture Forum иницијативата и ко-организатор на настанот во Загреб. Тој додаде и дека хрватскиот стартап екосистем се разликува од останатите во регионот по тоа што има силни приватни иницијативи како ZIP  и CRANE, а сега, се појавуваат и јавни иницијативи, или како што најави хрватскиот министер за претприемништво, владино ко-финансирање на иновации вредни 500 милиони евра.

Стартап компаниите се претставуваат пред потенцијалните инвеститори, а Форумот е поддржан и од Светска банка и Европската комисија.

Меѓу стотината меѓународни инвеститори се и венчр капитал фондовите Speedinvest од Австралија, J&T Ventures од Чешка, Startlab од САД, кои што се спремни да инвестираат до 250 илјади евра во најдобрите стартапи од овој натпревар.

Покрај претставувањето на стартапите се одржуваат и интересни панел дискусии со водечките луѓе од светот на инвестициите и бизнисот, на темите “Како да се оствари партнерство со бизнис ангелите“, “Зошто да се инвестира во Западен Балкан“, “Конкурентската предност на централноевропските и јужноевропските стартапи“ и др.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×