Балканот се празни, Хрватите ќе „увезуваат“ Филипинци за работа во летната сезона
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
За последните десет години во Хрватска има половина милион работници помалку, а има помалку работници и во регионот, така што хрватскиот градежен сектор сé повеќе ги бара работниците во Пакистан и Индија, додека туризмот рачуна на Филипинците.
hrvatskaХрватската работна сила е намалена за половина милион луѓе во последните десет години, од кои 250.000 по природен пат, што значи дека се помалку млади луѓе се работоспособни, а се повеќе стари излегуваат од групата на работоспособни, додека останатите 250.000 се иселиле.
“Тоа е загуба која не може да се компензира со ништо, на повидок е драма кон која не се реагирало на време”, рече Даворко Видовиќ, советник за трудова политика и комора за вработување на Хрватската стопанска комора.
Имено, Хрватска има многу ограничени ресурси. Проблемот со хроничниот недостиг на работници ќе треба да се компензира на два начина: “или со увоз на труд, а проблемот е што и регионот брзо се празни, или ќе треба да надомести со повеќе автоматизација, роботизација и слично”, предупреди Видовиќ.
Иако хрватската влада ги зголеми квотите за увоз на странски работници оваа година на 65.100 дозволи, што е драматично зголемување од 400 дозволи издадени пред пет години, па се поставува прашањето каде да се најде работна сила?
Босна и Херцеговина е испразнета, Србија се празни молскавично брзо, пишува “Нов лист”, така што работниците одат подалеку и понатаму.
Секторот на градежништвото сé повеќе ги бара работниците во Пакистан и Индија, додека туризмот се потпира на увозот на работници од Филипините.
Фокусот е поставен на другите континенти, но што тоа ќе значи за нивната културна и трудова интеграција се уште не е познато, предупреди Видовиќ.
Хрватска, додава, нема стратегија за миграција или имиграциска политика, не знае како да го спроведе процесот на реинтеграција, ниту како да ги задржи постојните работници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×