Балканската зависност од јаглен ги загрижува панелистите на самитот во Познањ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во панелот за животна средина на самитот на Западен Балкан во Полска, говорниците, вклучувајќи го и комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, изразија загриженост во врска со начинот на кој земјите од Западен Балкан сè уште градат капацитети за производство на јаглен.
познан ецо панелНема да има отстапување од еколошките стандарди во процесот на интеграција во ЕУ на земјите од Западен Балкан, предупреди Јоханес Хан, комесар за проширување во заминување, вчера, на панелот за животната средина што се одржа на Самитот на Западен Балкан во Познањ.
“Станува збор за процес, а не само преговори, па ако тие [балканските земји] не ги исполнат условите, не можеме да го затвориме поглавјето [пристапувањето] и не можеме понатаму да се движиме”, рече тој.
“Не можеме навистина да кажеме дека работите се завршени, можеме само да заклучиме дека поглавјето не е затворено. Ако ова поглавје не е затворено, и другите не се затворени и [тогаш] нема напредок во целиот процес на пристапување”, додаде тој .
Хан се обрати до панелот наречен “Подобра средина за подобар живот”, модериран од Јета Џара, директор на БИРН-Косово, чии учесници најмногу разговараа за проблемите со електраните на јаглен во земјите од Западен Балкан – не само постоечките, туку и другите што се изградени или планирани да се изградат.
“Треба да ги направиме зелените инвестиции попривлечни и со помала „камата“”, рече за SETimes Наташа Ковачевиќ, од НВО „Зелен дом“ од Црна Гора.
Таа предупреди дека ако ова не се направи, зелените инвестиции само ќе се заменат со помалку  еколошки пријателски инвестиции, кои се кинески, на кои им се зголемува бројот.
Хан рече дека некои земји во регионот сметаат дека е релативно лесно да се најдат средства  за инвестиции во јаглен кои не се од ЕУ, главно поради тоа што ЕУ има строги стандарди за животната средина, но исто така бара транспарентност и владеење на правото.
Срѓан Кукољ, од Алијансата за здравје и животна средина (HEAL), европска непрофитна организација, рече дека носителите на одлуки треба да посветат поголемо внимание на здравствените проблеми предизвикани од јагленот и загадувањето на воздухот.
“Јас работам со носителите на одлуки и не можам да разберам како тие не сакаат да сметаат дека луѓето умираат од загадувањето на воздухот, а се уште инвестираат во јаглен”.
“Сите знаеме дека оваа енергетска транзиција не е нешто што ќе заврши за само 24 часа, но носителите на одлуки треба да гледаат напред и да најдат начин за намалување на загадувањето”, додаде Кукољ.
Самитот во Познан се одржува со покровителство на таканаречениот Берлински процес, германска иницијатива дизајнирана за поддршка на пристапните амбиции на земјите од Западен Балкан. Зајакнувањето на граѓанското општество, агендата за поврзување, политиката на проширување на ЕУ и понатамошниот развој на Берлинскиот процес, се некои од главните теми на самитот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×