BANK2GO – Нова мобилна апликација на Стопанска банка А.Д. Битола
Објавено на од во Teхнологија

Стопанска банка А.Д. Битола ја пушти во употреба својата нова мобилна апликација Bank2GO која е достапна и може да се превземе од Play Store за сите корисници на Android и App Storeза корисниците на iOS.

STBBT-Bank-2GO

Оваа апликација на корисниците ќе им овозможи нивниот мобилен уред да биде нивната подвижна, виртуелна експозитура преку која на едноставен, брз и безбеден начин ќе имаат пристап до информациите поврзани со сите нивни сметки, состојбата и расположливите средства и ќе може да вршат плаќања во секој момент од било кое место. Апликацијата која е лесна за употреба нуди преглед на сите кредити, депозити, кредитни и дебитни картички, на прометот извршен во периодот и на извршените налози. Покрај тоа, преку оваа апликација корисниците ќе добиваат известување за направените трансакции и одливи од трансакциската сметка и ќе имаат можност да користат готови шаблони за брзо плаќање кои сами ќе ги креираат. Останатите функционалности на апликацијата вклучуваат калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката, локатор на експозитури и банкомати, увид во работното време на експозитурите, нивните контакт податоци како и детални информации за сите производи и услуги на Банката.

BANK2GO на клиентите ќе им биде достапна за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски. Оваа апликација ќе може да ја користат и оние кои не се регистрирани како корисници на мобилното банкарство во Стопанска банка А.Д. Битола, но во тој случај ќе имаат пристап единствено до јавно достапните информации за производите и услугите на Банката.

Следејќи ги потребите на своите клиенти Стопанска банка А.Д. Битола со воведување на мобилната апликација Bank2GO на своите корисници им нуди ново, софистицирано дигитално искуство и им нуди можност за лесна контрола и едноставно и безбедно управување со услугите кои ги користат.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×