Банкарите бараат одложување на оданочувањето на камати до влезот во Европска Унија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

mba-6ta-sednica-01Банкарите обединети преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) во која членуваат сите банки во Македонија, на вчерашната седница ги разгледаа предложените законски измени кои се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните со стапка од 15%, решение што во саботата го предложи Министерството за финансии и кое треба да стартува од јануари 2019 година.

Ставот на Македонската Банкарска Асоцијација е дека примената на предложените законски измени треба да се одложи до влезот на нашата земја во Европската унија, со цел да се задржи позитивниот тренд на штедењето, да се обезбеди свеж капитал за стопанството, како и да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор.

“Во однос на прогресивното оданочување, цениме дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде веќе е во примена”, велат од МБА.

Од МБА најавуваат дека ќе побараат средба со Министерството за финансии за подетално да ги презентираат ставовите на банките кои работат во Македонија околу даночните измени.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×