Банката HSBC предупредува: Светската економија е како Титаник!
Објавено на од во Економија
“Светската економија е како прекуокеански брод без чамци за спасување. Ако не’ погоди уште една рецесија, може да биде навистина ‘титаник’ борба за донесувачите на одлуки“, вели главниот економист на HSBC, Стивен Кинг.

Главниот економист на една од најголемите светски  банки,  HSBC,  Стивен Кинг веќе размислува за следната рецесија. Во своето обраќање до клиентите вчера, како што пренесува Business Insider, тој  порачал: “Светската економија е како прекуокеански брод без чамци за спасување. Ако не’ погоди уште една рецесија, може да биде навистина ‘титаник’ борба за донесувачите на одлуки“.

Додека претходните закрепнувања на економијата им овозможија на монетарнтие и фискалните власти да ја обноват муницијата, ова закрепнување – и во САД и во остатокот од светот – беше карактеристично по константниот недостиг на муниција, додава Кинг.
Како она што може да биде тригер за следната рецесија, Кинг наведува четири работи:

-Растот на платите во САД ќе ги намали компаниските заработки и ќе го намали делот со кого што компаниите со своите профити учествуваат во американскиот БДП (исто така не помага тоа што продуктивноста на работниците е ниска). Како последица, домаќинствата и бизнисите ќе загубат доверба во економијата, и ќе експлодира балонот на пренадуваните цени на акциите.

-Небанкарските финансиски системи, како осигурителите и пензиските фондови се’ повеќе нема да бидат во можност да ги исполнуваат своите идни обврски. Ова ќе предизвика огромна побарувачка за ликвидни средства, принудувајќи ги луѓето да брзаат со продавање, иако побарувачката нема да го пресретне тоа, што ќе предизвика рецесија.

-Силите што се вон  контролата на Федералните резерви, вклучително и можноста кинеската економија и нејзината валута да колабираат. Ниските цени на суровините исто така може да предизвикаат колапс на неколку пазари во развој, а да продолжи растот на американскиот долар.

-Федералните резерви може да ја предизвикаат следната рецесија со покачување на каматната стапка премногу рано, повторувајќи ја грешката што Европската централна банка ја направи во 2011 и Банката на Јапонија во 2000 година.

One thought on “Банката HSBC предупредува: Светската економија е како Титаник!

  1. ova e istata banka koja perese pari za cela Evropa. Kapital sto se sluci so parite 87 milioni od 1980 koi i gi dolzat na Makedonija. Na civo ime bile ovie pari? Kako toa Srbija vednas si gi zema partie nazat a kaj nas ni traga ni glas?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×