Банките ги стопираа кредитите, во јуни кредитното портфолио намалено за 84,4 милиони евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Банките во јуни го намалиле кредитирањето и на фирмите и на граѓаните, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Кредитите за приватните фирми во јуни се намалени за 48,5 милиони евра, додека пак за населението 35,7 милиони евра. Кредитното портфолио на месечно ниво е помало за вкупно 84,4 милиони евра.

Банкарите велат дека овој тренд е последица на политичката неизвесност што се одразува негативно и на економијата, и на отпис на доспеани кредити во исто време.

Што се однесува до депозитната база, граѓаните во јуни депонирале повеќе пари што значи дека повлекувањето на штедните влогови што се случи во април и мај е запрено. Но, депозитите на фирмите бележат намалување за 12,4 милиони евра на месечно ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×