Банките ги стопирале кредитите за фирмите во јануари, тие пак повлекувале од депозитите
Објавено на од во Финансии

Кредитирањето на приватните фирми во првиот месец од годината се намали за 2,6% во споредба со декември лани, покажуваат последните податоци што ги објави Народната банка. Тоа значи дека кредитното портфолио на банките кон приватните компании во јануари е за 66 милиони евра помало отколку претходниот месец.

Во исто време, кога банкарите не одобрија кредити за бизнис секторот, приватните фирми повлекоа дел од депозитите што ги имаат на сметки во банките. За еден месец евидентирано е намалување на депозитната база на компаниите за 73 милиони евра, односно 6,3% помалку споредено со претходниот месец.

Од друга страна, кредитирањето на граѓаните продолжува да се зголемува, а кај нивните депозити е евидентирано само мало намалување.

Народната банка процени дека кредитирањето годинава ќе се зголеми за 7%-8%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×