Банките лани заработија 75,4 милиони евра, 47,3% повеќе од годината претходно
Објавено на од во Финансии

Сите банки во Македонија лани заработија 75,4 милиони евра, што е зголемување на профитот за 47,3% за една година, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Профитабилноста на банкарскиот сектор мерена преку стапката на поврат на капиталот (ROE) на крајот на 2015 година достигна 10,4%, што е најголема стапка од 2008 година кога почна економската криза. Економистите коментираат дека банките се меѓу ретките исклучоци во економијата кои најбрзо ја совладаа економската криза и се вратија на старите патеки да остваруваат високи профити.

Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор лани, односно околу 80% е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 59,7 милиони евра. Средните банки заработија 16 милиони евра, додека пак кај малите банки значително е намалена и загубата, од 1,5 милиони евра на само околу 200 илјади евра.

Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што инкасирале 233,4 милиони евра, што е за 9,7% повеќе отколку годината претходно. Зголемени се и приходите од провизии и надоместоци при што се наплатени 68,8 милиони евра.

По одделни банки, засега само Комерцијална и Охридска банка ги објавија годишните финансиски извештаи. Според нив, Комерцијална лани направи добивка од 8,5 милиони евра штоп е шест пати повеќе отколку во 2014 година, а Охридска банка пријави профит од 6,5 милиони евра, за 72% повеќе на годишно ниво.

Останатите банки допрва треба да ги објават годишните финансиски извештаи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×