Банките со добивка од 60,3 милиони евра, 54,2% поголема од лани!
Објавено на од во Финансии

Untitled Infographic (4)Ако за некој може да се каже дека е махер во бизнисот годинава, тоа се банкарите. После првите девет месеци од годината, сите банки во земјава остварија добивка од 60,3 милиони евра што е дури 54,2% поголема отколку истиот период лани.

Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор во периодот јануари – септември годинава достигна 11,1% што е највисоко ниво од 2008 година наваму.

Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор во првите девет месеци од годината е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 51,7 милиони евра. Средните банки заработија 9 милиони евра, а значително е намалена и загубата на малите банки, од 3,2 милиони евра на само 470 илјади евра.

Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што во периодот од јануари до септември годинава инкасирале 171,2 милиони евра, додека пак од провизии и надоместоци се наплатени 50,8 милиони евра.

По одделни банки, од оние што досега ги објавија финансиските извештаи, најголема добивка оствари Стопанска банка од околу 26,1 милиони евра, што е 18,8% повеќе отколку лани. Билансот на успех на НЛБ Тутунска банка покажува добивка од 15,3 милиони евра што е дури 52,8% поголема од лани. Добивка од околу 6 милиони евра оствари Охридска банка, која што исто така влегува во групата големи банки. Комерцијална банка од големата четворка во првите девет месеци годинава успеа да ја надмине загубата од лани и прикажа добивка од 5,1 милиони евра.

Од малите и средните банки, речиси сите што доставуваат финансиски извештаи до Берзата со исклучок на ТТК банка, остварија загуби. Централна кооперативна банка во периодот јануари – септември направи загуба од околу 900 илјади евра, Стопанска банка Битола прикажа минус во билансот на успех од 855 илјади евра, додека пак загубата на Уни банка изнесува 740 илјади евра.

ТТК банка после првите девет месеци од годината оствари добивка од околу 130 илјади евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×