Банките со два и пол пати поголем профит во првиот квартал
Објавено на од во Економија

Банкарите во првите три месеци од годината остварија добивка од 24,6 милиони евра што е два и пол пати повеќе отколку во истиот период лани. Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор после првите три месеци годинава достигна 13% што е највисоко ниво од 2008 година наваму.

Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор во првата половина од годината е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 21,7 милиони евра. Средните банки заработија 4,2 милиони евра, а загубата на малите банки, се зголемила на 1,4 милиони евра.

Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што во периодот од јануари до март годинава на нето основа инкасирале 61 милиони евра, што е за 11,4% повеќе отколку лани. Зголемени се и приходите од провизии и надоместоци при што се наплатени 16,9 милиони евра.

По одделни банки, од оние што досега ги објавија кварталните финансиски извештаи, најголема добивка оствари Стопанска банка од околу 10,6 милиони евра, што е 7,5% повеќе отколку лани. Билансот на успех на НЛБ покажува добивка од 5,9 милиони евра што е 56,8% поголема од лани.

Комерцијална банка прикажа профит од 2,8 милиони евра со што ја надмина загубата остварена во истиот период лани.

Охридска банка Сосиете Женерал прикажа добивка од 1,9 милиони евра што е 28,5% повеќе од лани. Уни банка прикажа најголем раст на добивката, за дури 60 пати и изнесува нешто повеќе од половина милион евра.

Од средните банки, Стопанска банка Битола прикажа загуба од 560 илјади евра, ТТК загуба од околу 470 илјади евра, и Централна Кооперативна банка минус од 310 илјади евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×