Банките во Македонија со актива од речиси 7 милијарди евра
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

denari-1000-GRAFIK 918 WEB 01Кој е кој во банкарскиот сектор?!

Сите 14 банки во земјава располагаат со вкупна актива од 6,9 милијарди евра, покажуваат најновите податоци од Народната банка заклучно со март годинава. Уште една банка влезе во групата големи банки, со што сега се вкупно пет, шест банки се рангирани како средни, и три како мали. Вкупното кредитно портфолио на овие банки за домаќинствата изнесува 2,1 милијарди евра, додека пак за нефинансиските друштва имаат одобрено вкупно 2,4 милијарди евра. Овие банки располагаат со депозитен потенцијал од речиси 5,2 милијарди евра. Капитал ги рангира сите 14 банки според големината на активата, одобрените кредити за граѓани и фирми, како и според депоитниот потенцијал што го имаат.

 

Сите 14 банки во земјава располагаат со вкупна актива од 6,9 милијарди евра, покажуваат најновите податоци од Народната банка заклучно со март годинава. Рангирањето на банките според големината на активата, покажува дека најголема банка во земјава е Комерцијална, со вкупна актива од околу 1,6 милијарди евра. Потоа следува Стопанска банка со актива од 1,36 милијарди евра, па НЛБ банка со актива од 1,14 милијарди евра. Четврта најголема банка во земјава стана Халк банка со актива од 615 милиони евра, а големата петорка завршува со Охридска банка со актива од околу 544 милиони евра.

Според податоците од Народната банка, шест банки со актива од 130 милиони до 520 милиони евра се рангирани во групата средни банки, додека пак, трите најмали банки имаат актива под 130 милиони евра.

Кога станува збор за кредитирањето на нефинансиските друштва, ранг листата покажува дека лидер е повторно Комерцијална банка со одобрени вкупно 588 милиони евра. Потоа следуваат НЛБ банка со одобрени кредити од 357 милиони евра, Стопанска банка со кредитно портфолио од 339 милиони евра, Охридска со одобрени 238 милиони евра, а првите пет на оваа листа ги заокружува Прокредит банка со одобрени кредити за нефинансиски друштва од 226 милиони евра.

Сите 14 банки имаат одобрено вкупно 2,4 милијарди евра за нефинансиските друштва.

За домаќинствата, пак, најмногу кредити до март годинава, има одобрено Стопанска банка, и тоа речиси 650 милиони евра. Втора на листата е НЛБ со одобрени речиси 450 милиони евра, потоа следува Комерцијална со околу 220 милиони евра, Халк банка со кредитно портфолио за население од 180 милиони евра и Охридска банка со одобрени 166 милиони евра.

Логично, големата петорка доминира на ранг листите според вредноста на кредитното портфолио и за граѓаните и за фирмите, но се зголемува кредитирањето и од помалите банки.

Кога е во прашање депозитниот потенцијал, најмногу пари граѓаните и фирмите депонирале во Комерцијална банка и тоа дури 1,4 милијарди евра. Втора на листата според големината на депозитите е Стопанска банка со штедни влогови од над една милијарда евра, па следуваат НЛБ банка со депозити од околу 900 милиони евра, Охридска банка со околу 375 милиони евра и Халк банка со депозити од околу 360 милиони евра.

Вкупниот депозитен потенцијал кај банките до март годинава изнесува 5,17 милијарди евра.

Според последните анализи на Народната банка, банкарската мрежа ја сочинуваат 433 деловни единици распространети низ речиси сите градови на територијата на Македонија. Бројот на деловни единици се зголеми за шест, а најголем дел од новоотворените деловни единици се во југозападниот регион. Банкарската мрежа и натаму е најбројна во скопскиот регион, каде што пристапот до банкарските услуги мерено според бројот на жители по деловна единица е најдобар. По региони, пристапот до банкарските услуги се одржува на непроменето ниво, освен во југозападниот и источниот регион, каде бележи мало подобрување.

Банките во Македонија сѐ уште имаат послабо развиена банкарска мрежа во однос на поголемиот број од земјите опфатени во анализата.

Според бројот на жители кои се опслужени од една банка, односно од една деловна единица, Македонија се наоѓа во втората половина на листата на анализирани земји, што е речиси непроменето во однос на претходната година.

Банките во претежна сопственост на странски акционери преовладуваат во банкарскиот систем на Македонија, којшто на тој начин, е под влијание на економски и неекономски фактори на ризик поврзани со матичните лица на банките и земјите од каде што потекнуваат. Со исклучок на промената на сопственикот кај една банка, продажбата на Алфа банка на швајцарски фонд, во 2016 година не се забележуваат позначајни промени во сопственичката структура на банките. Банките во претежна сопственост на странски акционери преовладуваат во сите поважни позиции од билансите на банките.

Нивната доминација е особено изразена кај кредитната активност и финансискиот резултат. Меѓу странските акционери, според земјата на нивното потекло, највисоко е учеството на акционерите од Грција и Словенија во вкупниот капитал (вклучително и резервите) на банкарскиот систем, кое изнесува 22,4% и 13,8%, соодветно. Во 2016 година, се намалува учеството на акционерите од Грција (за 2,9 процентни поени) во вкупниот капитал (вклучително и резервите) на банкарскиот систем, додека учеството на акционерите со потекло од Швајцарија забележа зголемување.

denari-1000-GRAFIK 918 WEB tabeli 01
Зголемен кредитен раст во 2017 година

Проценките на Народната банка се дека кредитниот раст годинава ќе достигне меѓу 6% и 7%, но овој раст главно ќе произлезе од кредитирањето на граѓани, наспроти послабата кредитна поддршка за фирмите.

За споредба, минатата година кредитниот раст речиси целосно произлезе од зголемената кредитна поддршка на банките на домаќинствата, при позначително забавување на кредитирањето на корпоративните клиенти. Според анализите на Народната банка во 2016 година, кредитите на домаќинствата остварија раст од 11% (забавување во однос на претходната година за 2,4 процентни поени), а кредитите на нефинансиските друштва се зголемија за 2,6% (7,1% во 2015 година).

Проценувајќи ги трендовите во 2017 година, претседателот на Управниот одбор на ПроКредит банка, Јованка Јолеска Поповска истакна дека финансиските институции како банките се сензитивни на голем дел од промените на политичко и општествено поле, но турбуленциите на политичко поле во 2016 ја потврдија стабилноста и издржливоста на банкарскиот сектор.

„Еден од поважните ризици на кои се обрнува внимание е кредитирање на долгорочни одржливи инвестиции и анализа на секоја кредитна изложеност засебно со цел помал пласман во нефункционални кредити. Минатата година се почувствува воздржаност од страна на малите и средни бизниси за планираните долгорочни инвестиции, пред сè поради неизвесноста на политичко поле. Доколку се стабилизира политичката ситуација, очекуваме дека претприемачите ќе реализираат дел од своите планови за раст и развој на бизнисите како за нови производни линии и процеси, така и за унапредување на постојаното производство и оптимизација на трошоците“, коментира Јолеска Поповска.

Главниот финансиски директор на Комерцијална банка, Маја Стевкова Штериева објасни дека кредитната експанзија на банките ќе продолжи но ќе биде во линија со перцепцијата за ризик.

„Во услови на отсуство на позначително забрзување на растот на економијата, а присутна политичка неизвесност, за банките останува доминантен кредитниот ризик.  Растот на кредитите доминантно ќе се финансира од депозитната база, којашто остана стабилна, и покрај непотребните турбуленции во 2016 година, што се должи на високата доверба што економските субјекти ја имаат во банкарскиот систем на земјава. Дополнително, за банките останува ризикот од пролонгирање на меѓународните околности што продуцираат негативни каматни стапки на депозитите што банките од земјава ги депонираат кај странски банки“, оцени неодамна Штериева.

Во однос на кредитната поддршка за граѓаните и фирмите, таа вели дека во делот на правни лица годинава Комерцијална банка ќе продолжи со внимателна кредитна политика бидејќи ризиците се уште постојат, а  во сегментот домаќинства, се очекува умерен раст на кредитите.

„Банката ќе настојува да ја зајакне конекцијата со постојните клиенти но паралелно ќе биде отворена и за нови проекти за кои ќе процени дека се профитабилни со прифатливо ниво на ризик. Општиот економски амбиент е детерминиран од општите економски индикатори кои се познати и на кои Банката се прилагодува. Треба да се има предвид дека растот на кредитирањето треба да е паралелен со пораст на вкупната економска активност. Очекуваме и подобар општествено – политички амбиент кој несомнено ќе има позитивно влијание на економските трендови. Првиот клучен сигнал за позитивни промени ќе биде зголемувањето на кредитите за нови инвестиции кои беа под посакуваното ниво во претходните години“, истакна Штериева.

Тони Стојановски, член на Управниот одбор на Стопанска банка изјави дека растот на кредитната активност на банките годинава се проценува дека ќе биде околу 6%.

„Сепак, со оглед на ограничениот раст на економијата кој во еден значаен дел произлегува од активноста во слободните зони, не може да се очекува позначителна промена во структурата на кредитниот раст, односно и понатаму главниот предизвик и за банките и за компаниите е да се зголеми корпоративното кредитирање и тоа не само за одржување на постојното ниво на обртен капитал на компаниите туку и за нови инвестиции кои единствено можат да ја кренат стапката на раст на економијата до ниво од над 5% – 6%“, потенцира Стојановски и додава дека банките во текот на годинава ќе треба да се соочат и со предизвиците за усогласување со новите капитални барања кои произлегуваат од Базел 3, а неодамна беа вградени и во Законот за банките, како и барањата за усогласување со новиот Меѓународен Сметководствен Стандард 9, кој на ниво на ЕУ започнува со примена од јануари 2018 година.

Ефтимоски од Стопанска банка Битола исто така вели дека банките ќе делуваат во функција на економскиот раст, финансирајќи ги и граѓаните но и приватните фирми.

„Конкретно очекувам банкарскиот сектор да биде стабилен и во функција на економски раст, особено се надевам преку зголеменото ниво на кредитирање на население и многу повеќе на малите и средни македонски компании. Не постои опасност од загрозување на стабилноста и ликвидноста на банкарскиот систем. Посакувам и се надевам македонските компании да ја напуштат летаргијата со која се зафатени веќе подолг период, и тоа не по своја вина, туку поради политичките и економски состојби во земјата. Не очекувам да се случи драстично подобрување на работењето на бизнисот во земјата, но сепак се надевам на поголема раздвиженост, која ќе вроди со зголемено ниво на кредитирање и зголемен економски раст“, истакна Ефтимоски.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×