„Банките во сенка“ држат неверојатни 80.000 милијарди долари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
shadow-banker

Вредноста на слабо регулираните „банки во сенка“ во светот порасна на 80.000 милијарди долари, соопшти Одборот за финансиска стабилност (ФСБ), пренесува France Press.

Извештајот на ФСБ објавен во очи на самитот Г20 во Анталија, покажува дека во текот на 2014 година трансакциите кои ги правеле „банките во сенка“ се зголемени за 2.000 милијарди долари, што претставува 80% од светскиот бруто домашен производ и 90% од активата на глобалниот финансиски систем, пренесува агенцијата France Press.

Банкарството во сенка вклучува легални, но слабо контролирани институции како што се некои хеџ фондови и финансиските компании , кои земаат пари од инвеститорите и ги позајмуваат како банки.

Работата на таквите институции е во пораст во последните години во светло на ниските каматни стапки во „класичните“ банки, оти инвеститорите сакат поголем поврат на средствата, наведува француската агенција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×