Баша за 13 април најавува досега најмасовен антивладин протест
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша попладнево одржа средба со членовите на партиското претседателство и други опозициски структури во функција, во врска со, како што го нарече, „најмасовниот национален протест“ закажан за 13 април.
tiranaТој на сребата истакнал дека за овој протест потребна е посебна организација за да има многу поголема масовност од претходните.
Според Баша, и по откажувањето од пратеничките мандати опозицијата е во мнозинство.
„Целата ситуција е во наша корист. Ние „де факто“ сме мнозинство. По откажувањето од пратеничките мандати, Демократската партија бележи раст на доверба и меѓу неопределените. Ние сме апсолутно мнозинство на секоја домашна и странска независна анкета (сондажа).Треба што побрзо оваа поддршка да ја претвориме во гласот на Албанците. Заради тоа, масовното учество на протестот има исклучително значење. Нашето барање останува непроменето. Заминување на Еди Рама и формирање преодна влада“, изјави Баша по средбата.
Обединетата албанска опозиција од февруари има одржано осум протести. Од нив шест пред Парламентот, додека два пред Влада, национални, како што ги нарекува Баша. Тој очекува протестот на 13 април да биде најмасовен досега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×