Бавен напредок на иновативноста во економијата
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

businessman working on modern technologyМакедонија сè уште каска зад ЕУ просекот

За Македонија добро е што иновациските перформанси растат последниве години  но сè уште се далеку под нивото на просекот на ЕУ за речиси сите индикатори. Споредбено, земјава има најлоши перформанси во делот Финансии и поддршка, а најголем пад во перформансите се забележува во областа апликации за патенти.

 

Македонија е скромен иноватор, покажува Европската иновациска матрица (European Innovation Scoreboard – EIS), извештај кој што секоја година ЕУ го изготвува со цел компаративна анализа на иновациските перформанси на нејзините членки, но и на земјите што се надвор од Унијата или се  претенденти за членство.

Во најновиот извештај од јули минатата  година којшто опфаќа анализи заклучно со 2015-та, Македонија се наоѓа на 34-то од 36 анализирани земји, со вкупен иновациски индекс од 0,219, а после неа се само Романија и Украина. Во групата на скромни иноватори освен овие три земји, е уште и Бугарија. Останатите држави на списокот се наоѓаат во групите на умерени иноватори, силни иноватори  и иновациски лидери. На врвот е Швајцарија со индекс од 0,791, пред Шведска (0,703), Данска (0,700), Финска (0,649), итн.

Во случајот на Македонија добро е што иновациските перформанси растат последниве години , но сè уште се далеку под нивото на просекот на ЕУ за речиси сите индикатори. Споредбено, земјава има најлоши перформанси во делот Финансии и поддршка, а најголем пад во перформансите се забележува во областа апликации за патенти.

Иновациска статистика

Во земја во развој како што е Македонија иновирањето може да се состои од воведување т.е. аплицирање на постоечки бизнис модели, кои се докажано успешни во високо развиените земји, на нашиот пазар.

Бројот на брзорастечки старт-ап компании кои постигнале огромен успех во светот е навистина голем, а најголемиот дел од тие бизнис идеи ги нема во Македонија, што е прилика за освојување на пазарот со дотогаш непознат бизнис концепт.
Иновацијата сама по себе е трансформација, а во случајот овие успешни модели кои постојат може да воведат значајни промени на домашниот пазар, велат познавачите на приликите во македонската економија и нејзината иновативност.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на иновативни деловни субјекти во периодот 2012–2014 изнесува 1078. Под иновативни деловни субјекти се подразбираат деловните субјекти кои во периодот на набљудување имаат воведено иновација на производ, процес, организациска или маркетинг иновација. Од вкупниот број на иновативни деловни субјекти, 37.1% имаат воведено иновација на производ и процес, 35.8% имаат воведено организациски и маркетинг иновации, а 19.1% имаат истовремено воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.

Финансирање на иновативните проекти

Обезбедувањето на кредитот е најголемиот проблем што го имаат компаниите што се на својот почеток и немаат кредитна историја или пак имот со кој што може да гарантираат кај комерцијалните банки  за бараниот кредит. Нивниот најголем капитал во моментот е самата идеја, за која што е многу тешко да најдат финансиер, а кој што не доаѓа од редовите на нивните блиски, роднини, пријатели, односно самите тие со некаква своја заштеда и сл.

За компаниите што имаат неколкугодишно искуство и докажан бизнис концепт, наоѓањето пари за нивните иновативни проекти е помала главоболка, иако не значи дека во Македонија за нив изворите на финансирање се издашни.

Банките нонстоп повторуваат дека пари за добри проекти имаат, и ние сме пишувале многу пати што тоа за нив значи добар проект  – пред с$ проект што ќе донесе продажба на производот/услугата, ќе гарантира ликвидност на компанијата и навремено враќање на ануитетите. Но, на терен фирмите велат дека банкарите би можеле малку повеќе да влезат во проектно финансирање  и да поднесат дел од ризикот за проект со голем потенцијал за успех, а не само да инсистираат на квалитетно обезбедување. Во меѓувреме, освен банкарските кредити, списокот на потенцијални инвеститори, финансиери и помагачи на иновативни компании и проекти се состои од инвестициски фондови, бизнис ангели, “crowdfunding”, европски фондови…


Inovacii WEB 02Иновативни македонски стартапи

На крајот од јануари годинава, Фондот за иновации и технолошки развој додели признанија за извонредност на девет стартапи кои што успешно ги завршиле проектите  поддржани од неговите програми за финансирање. Досега се поддржани 37 компании со вкупно 1,5 милиони евра. Ги претставуваме накратко наградените стартапи, за некои од нив сме пишувале досега, за другите допрва ќе пишуваме.

Марси Електросистеми, Охрид

Оваа компанија произведува контролни системи за печки на пелети, за кои веќе има интерес на странски пазари.

Vapour Apps

Ова е приватен клауд за средни компании. Според директорот Љупчо Вангелески, таргет се странски пазари и се пред лансирање на втора, подобрена верзија на оваа платформа.

Clicon

Социјална мрежа за бизниси, во која домашните компании можат да се зачленат, да комуницираат и разменуваат документи со други компании.

Smartech

Систем за менаџмент со електрична енергија за индустриски компании. Професор Живко Кокалански вели дека веќе успешно се имплементира во три компании. Крајна цел и ефект е заштеда на електрична енергија.

Хас инженеринг

Паметни системи за интелигентно управување во домот, при што опфаќа на греење, ладење и климатизација. Станува збор за целосно домашен хардвер и софтвер.

Дарис Инженеринг

Компанијата која го произведува првиот паметен громобран Веда Тотал. Имплементиран е во повеќе од 30 објекти во земјава, а сопственикот Петре Ристески, веќе има голем интерес за производот од други земји.

Esenso

Платформа за маркетирање на производи и услуги од областа на smart уреди и Internet of things.

PrymApps

Платформа за правење истражувања на пазар, која веќе активно се користи од страна на една домашна компанија и УНДП во Македонија.

Embed Social

Македонска платформа за маркетинг, преку која маркетинг-луѓето можат да испраќаат пораки за нови промоции и производи.


Unmanned copter flightИновативност во агробизнисот
Прокредит ги награди најиновативните компании

Кадино Индустри Груп за прва лабораторија во Македонија за испитување на хемиски и физички својства на пченицата и брашното, Антхура МК за единствена компанија во нашата земја која користи современи технологии за лабораториско производство на орхидеи, Еуропеан Плантс за уникатен начин на обликување и одгледување на декоративни дрва и растенија  и Агрофила за единствен производител на ладно цедено масло кое е термички и хемиски необработено се наградените бизниси од страна на ПроКредит Банка, во рамки на втората конференција на тема ИКТ во агробизнис, што се одржа на 23 и 24 ноември во Скопје.

Конференцијата беше организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, ПроКредит Банка и АгФутура Технологии, а  присуствуваа преку 200 учесници, бизнис претставници на агро и ИКТ секторот во Македонија, кои преку предавањата на стручните експерти за иновациски системи во земјоделски стопанства и прецизно земјоделство имаа можност да се запознаат со потенцијалот за зближување на овие две индустрии. Преку презентација на успешни приказни за веќе имплементирани ИКТ решенија агро претприемачите се запознаа со предностите кои иновативните технологии ги носат за нивните компании, а ИКТ секторот подетално ги согледа потребите на земјоделската индустрија.


Inovacii svet WEBИновации свет
Најиновативните компании во светот

Од 10-те најиновативни компании дури шест се од САД, а од 50-те најиновативни компании 34 се американски.

Американската доминација во областа на иновациите се зголемува, а водечките компании во светот се поактивно ги следат иноваторските стратегии, кои ја дополнуваат основната развојна дејност кон други дополнителни насоки.
Во 11-то издание на рангирањето на најиновативни компании кое го издава Boston Consulting Group на челното место се наоѓа американската компанија Apple, која е лидер уште од првото издание.
Од 10-те најиновативни компании дури шест се од САД, а од 50-те најиновативни компании 34 се американски.Во првите 50 најновативни компании од целиот свет само две се од Кина, производителот на смартфони Xiaomi и производителот на комуникациска опрема Huawei, кои се рангирани на 35 и 46 место.Една од карактеристиките кои се одлика на нај-напредните бзиниси е подготвеноста да побараат иновации и надвор од гранциите на сопствената организација.Надминувањето на мантрата “тоа не е изработено тука” може да ја засили предноста на компанијата и да го забрза времето за кое таа стигнува до пазарот”, велат аналитичарите на Boston Consulting Group.Тоа го покажуваат и самите компании, две третини од нив велат дека ќе имаат нови идеипреку внатрешни партнерти. За таа цел многу од компаниите користат big data технологии, инкубатори и различни социјални мрежи.
Една од тие компании е Facebook, која во годинешното рангирање го подобрила рејтингот во однос на минатата година и бележи скок на ранг листата од 19 место, и годинава се најде на 9 место на листата на најиновативни компании. Скок од 19 места нагоре има и хемискиот гигант Dupont.
Меѓу новите имиња во топ 50 иновативни компании се Uber, кој се рангираше на 17 место, потоа Airbnb кој се најде на 21 место, Expedia која е рангирана на 32 место. Компанијата на иноваторо Илон Маск, SpaceX е исто така ново име на листата на најиновативни компании. Годинава за прв пат на листата како најиновативна компанија се најде и ланецот хотели Hilton, заради иновациите во работењето кои ги воведе во изминатиов период.

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×